Close Menu
Press24
    Најново

    Орце го светна Камени Мост

    28.09.2026 во 09:24

    Мицкоски за рудникот во Крива Паланка: „Појдете и прашајте ги луѓето“

    29.09.2026 во 10:44

    Македонската полиција казнува за овој прекршок – Ќе ве „удри по џебот” за 50 евра

    30.09.2026 во 09:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Летаат” казни за отпадот во Скопје, над 80.000 евра – Ѓорѓиевски бара комунална полиција
    • Иран: Егзекутирани двајца мажи обвинети за убиство на припадници на безбедносните сили
    • Наскоро топли радијатори: Грејната сезона може да стартува и порано но под еден услов
    • Објавени конкурсите за култура за 2027: Пријавувањето почнува денеска
    • Аларм во романското Подунавје: Кренати шпански ловци Ф-18 по детектирана воздушна цел близу украинската граница
    • Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица и електронско гласање за дијаспората
    • Кривичен суд: Намален бројот на старите предмети, но недостигаат кадар и поротници
    • Аеродромот во Берлин доби современ систем за детекција на дронови
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Летаат” казни за отпадот во Скопје, над 80.000 евра – Ѓорѓиевски бара комунална полиција

    „Летаат” казни за отпадот во Скопје, над 80.000 евра – Ѓорѓиевски бара комунална полиција

    30.09.2026 во 11:251 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изјави дека во изминатиот период се изречени казни во вредност од над 80.000 евра за правни субјекти кои несовесно постапувале со отпадот. Според него, за поефикасна борба против дивото депонирање неопходно е формирање комунална полиција.

    Одговарајќи на прашање за забраната за фрлање отпад по 22 часот, Ѓорѓиевски рече дека Градскиот инспекторат ги извршува своите надлежности, но дека постојниот систем има ограничувања.

    Тој посочи дека дел од граѓаните сметаат дека им е поевтино да ја платат казната отколку правилно да го одложат кабастиот отпад во „Дрисла“. Поради тоа, Градот планира еднаш неделно да овозможи бесплатно одлагање на кабаст отпад за сите жители на Скопје.

    Ѓорѓиевски оцени дека проблемот со дивото депонирање го создаваат мал број несовесни граѓани и компании кои стар мебел и друг отпад го оставаат покрај контејнери, во паркови и на булевари.

    Тој нагласи дека во борбата против незаконското одлагање отпад се вклучени и скопските општини, а посочи дека со координиран пристап може да се постигнат подобри резултати.

    Градоначалникот додаде дека деталните податоци за изречените казни се достапни преку градската инспекција.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Наскоро топли радијатори: Грејната сезона може да стартува и порано но под еден услов

    30.09.2026 во 11:22

    Објавени конкурсите за култура за 2027: Пријавувањето почнува денеска

    30.09.2026 во 10:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.