Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел

    28.09.2026 во 14:21

    Нови сообраќајни правила во ЕУ

    28.09.2026 во 14:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стоп за фемицидот: Заедничка одговорност за заштита на жените
    • Одбележување на 110 години од Кајмакчаланската битка
    • Специјализирани обуки за обвинителите за примена на ВИ во борбата против криминалот
    • Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија
    • Напад во Ормуската теснина: Брод се запалил по удар од проект
    • Сериозни тензии во ЕУ: Шест земји членки се закануваат со блокада на новиот седумгодишен буџет
    • Скопјанка ја тепала сопствената сестра со метален предмет
    • Драма во Липково: Камион со дрва удри во полициско возило откако возачот одбил да застане на „стоп“, па повикал засилување и ги нападнале полицајците
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стоп за фемицидот: Заедничка одговорност за заштита на жените

    Стоп за фемицидот: Заедничка одговорност за заштита на жените

    29.09.2026 во 17:163 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вториот ден од Регионалната конференција за фемицид во Југоисточна Европа, која се
    одржува во Собранието, продолжи со осврт на клучните теми и заклучоци од првиот ден на
    конференцијата.

    Во воведниот дел, Диана Жупаноска, национална офицерка за владеење на правото и
    човекови права во Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Уранија Пировска, извршна директорка на
    Хелсиншкиот комитет за човекови права на Северна Македонија, се осврнаа на улогата на
    граѓанските организации во превенцијата и справувањето со фемицидот, значењето на
    надзорната расправа и потребата од ефикасно функционирање на мултисекторските тела.
    Посебен фокус во продолжение на конференцијата беше ставен на оперативните стандарди
    за идентификување и истражување на родово поврзани убиства. На панел-дискусијата
    учествуваа Џема Николас, членка на Одборот на директори на Унитарната платформа
    против родово насилство од Шпанија, која се вклучи онлајн, Иванка Марковиќ, судијка на
    Уставниот суд на Република Српска и редовна професорка по кривично право и кривично
    процесно право на Универзитетот во Бања Лука, Босна и Херцеговина, како и Сања
    Станковиќ, виша советничка при Комесаријатот за заштита на еднаквоста на Србија.

    Панелот беше модериран од Милица Стојановиќ, виша правна офицерка во Присуството на
    ОБСЕ во Албанија.
    Во рамки на дискусијата беа разгледани практичните аспекти на препознавањето на
    родовата поврзаност кај убиствата на жени, потребата од соодветна истрага и
    документирање на случаите, овозможување на бесплатна правна помош, како и важноста на
    примената на јасни и усогласени оперативни стандарди од страна на институциите.
    Втората панел-дискусија беше посветена на оперативните стандарди за собирање податоци
    за фемицид. На оваа тема говореа Дубравка Шимоновиќ, поранешна специјална
    известувачка на Обединетите нации за насилство врз жени и девојчиња, Брунилда Дервишај,
    помошник-комесарка на Генералниот оддел и тематска експертка за фемицид во
    Опсерваторијата за фемицид во Албанија, Аделина Бериша, програмска директорка за
    справување со родово базирано насилство во Косовската мрежа на жени од Приштина, и
    Билјана Настовска, надворешна соработничка на Мисијата на ОБСЕ во Косово.
    Панелот го модерираше Жанета Попоска, национална офицерка за владеење на правото и
    човекови права во Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

    Учесниците разговараа за значењето на квалитетното и систематизирано собирање
    податоци за фемицид, како основа за подобро разбирање на појавата, креирање ефективни
    политики и унапредување на институционалниот одговор. Беше истакната и потребата од
    воспоставување усогласени методологии и стандарди кои ќе овозможат споредливи и
    релевантни податоци во земјите од регионот.

    Во завршниот дел од конференцијата беа презентирани заклучоците, препораките и
    следните чекори, со што беа заокружени дводневните дискусии посветени на унапредување
    на институционалниот и општествениот одговор кон фемицидот.
    Диана Жупаноска, национална офицерка за владеење на правото и човекови права во
    Мисијата на ОБСЕ во Скопје, и Елмаја Бавчиќ, советничка за родова еднаквост во
    Секретаријатот на ОБСЕ, ги истакнаа клучните поенти од конференцијата. Меѓу нив беа
    потребата од обука на јавните обвинители и другите чинители за навремено препознавање
    на родово базираниот мотив уште во почетната фаза на постапката, како и унапредување на
    проценката на ризик. Беше нагласена и потребата од сеопфатни практики за поддршка и
    заштита на децата погодени од случаи на фемицид.
    Како значаен предизвик беше посочена и потребата од подетални анализи на случаите,
    имајќи предвид дека анализите што се потпираат единствено на медиумски извештаи не
    обезбедуваат целосна слика. Во таа насока, беше истакната важноста на квалитетните
    податоци и поголемата соработка меѓу институциите.
    Конференцијата ја затвори Сузан Пенкса, заменик-шефица на Мисијата на ОБСЕ во Скопје,
    која ја истакна важноста на ваквите конференции и размената на разновидна експертиза.

    „Препораките ќе ни дадат основа за нашата понатамошна работа на национално ниво. Од
    сите нас зависи како ќе делуваме и како ќе го примениме сето она што го разменивме во
    текот на овие два дена“, беше пораката во завршницата на конференцијата.
    Дводневната регионална конференција овозможи размена на искуства, практики и препораки
    од земјите од Југоисточна Европа, со цел унапредување на превенцијата, идентификацијата,
    истрагата и документирањето на фемицидот и зајакнување на институционалните механизми
    за заштита од родово базирано насилство.

    Прочитај повеќе

    Одбележување на 110 години од Кајмакчаланската битка

    29.09.2026 во 17:12

    Специјализирани обуки за обвинителите за примена на ВИ во борбата против криминалот

    29.09.2026 во 17:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.