Close Menu
Press24
    Најново

    Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало

    28.10.2026 во 18:39

    Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември

    28.10.2026 во 18:27

    Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“

    28.10.2026 во 18:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сериозни тензии во ЕУ: Шест земји членки се закануваат со блокада на новиот седумгодишен буџет

    Сериозни тензии во ЕУ: Шест земји членки се закануваат со блокада на новиот седумгодишен буџет

    29.09.2026 во 16:311 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Новата седумгодишна финансиска рамка на Европската Унија за периодот 2028-2034 година се соочува со сериозни несогласувања уште пред да биде усвоена. Германија, Холандија, Шведска, Данска, Австрија и Финска предупредуваат дека би можеле да го блокираат предлог-буџетот доколку планираните расходи не бидат значително намалени, објави „Фајненшл тајмс“.

    Според предлогот на Европската комисија, новиот буџет би можел да достигне речиси два трилиони евра. Шесте земји, кои се меѓу најголемите нето-придонесувачи во европскиот буџет и заедно обезбедуваат околу 40 отсто од приходите, сметаат дека е потребна „фундаментална реформа“ на распределбата на средствата.

    – Доколку буџетските расходи не се намалат за стотици милијарди, нема да има договор за оваа година – изјавил дипломат од една од земјите што стојат зад иницијативата, пренесува „Фајненшл тајмс“.

    Овие држави бараат поголем дел од средствата да се насочат кон одбраната, иновативните компании и стратешките индустрии, на сметка на намалувањето на издвојувањата за земјоделството и за помалку развиените региони, кои традиционално зафаќаат околу две третини од буџетот. Ирска, која во моментов претседава со Унијата, треба до средината на октомври да подготви компромисен предлог, со оглед на тоа што за усвојување на буџетот е потребна согласност од сите 27 земји-членки.

    Прочитај повеќе

    Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало

    28.10.2026 во 18:39

    Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември

    28.10.2026 во 18:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.