Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел

    28.09.2026 во 14:21

    Нови сообраќајни правила во ЕУ

    28.09.2026 во 14:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тошковски од отворањето на обуката за истраги на дроги: Крајна цел се криминалните структури и финансиските текови
    • Хорор во згрижувачко семејство во регионот: Брачен пар уапсен за повеќегодишно злоставување и искористување на три малолетници
    • Клековски на пунктот во „Дајмонд Мол“: Превенцијата и редовните контроли се клучни за заштита од срцеви заболувања
    • Ѓорѓиевски и американската амбасадорка Варнс ја отворија изложбата „Road to Liberty“ во Скопје по повод 250 години од независноста на САД
    • Следуваат температури близу нулата – УХМР со детална прогноза
    • Малолетник паднал од тротинет – со тешки повреди пренесен во болница
    • Хаварија во центарот на Скопје: Поплавена зградата на „Нова Македонија“, исклучена струјата за дел од државните институции
    • Три скопски општини утре ќе останат без струја – проверете дали сте на списокот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тошковски од отворањето на обуката за истраги на дроги: Крајна цел се криминалните структури и финансиските текови

    Тошковски од отворањето на обуката за истраги на дроги: Крајна цел се криминалните структури и финансиските текови

    29.09.2026 во 14:232 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Полициската академија во Скопје се обрати на отворањето на обуката за истраги и кривично гонење на кривични дела поврзани со дроги, организирана од Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC), со поддршка на Амбасадата на САД.

    На настанот присуствуваа и Каролајн Р. Боденхеген од Бирото за меѓународни прашања поврзани со наркотици и спроведување на законот (INL) и регионалниот претставник на UNODC за Југоисточна Европа, Данило Рици. Истакнувајќи ги досегашните резултати на полицијата, министерот Тошковски нагласи:

    – Годината ја започнавме со откривање на над 10 килограми кокаин, за да продолжиме со една од најголемите операции каде беа одземени над 40 тони марихуана и канабис-биомаса, а во одделни акции беа запленети дополнително 150 и 65 килограми марихуана, па сè до последната акција минатата недела кога откривме 680 килограми стебла канабис. Дополнително реализирани се повеќе случаи поврзани со хероин, синтетички дроги, вклучително амфетамин, метамфетамин и МДМА.

    Тој посочи дека фокусот во иднина се префрла на разоткривање на организаторите и нивните парични текови:

    – Нашата цел е овие активности да продолжат со уште поголема ефикасност и да бидат насочени не само кон заплената на дрогата, туку и кон откривање на лицата, структурите и финансиските текови што стојат зад нејзината трговија. Тоа бара силна меѓународна соработка, навремена размена на информации и заедничко дејствување.

    На крајот, Тошковски им даде целосна поддршка на истражителите и изрази благодарност до меѓународните партнери за соработката во зајакнувањето на институционалните капацитети.

    Прочитај повеќе

    Клековски на пунктот во „Дајмонд Мол“: Превенцијата и редовните контроли се клучни за заштита од срцеви заболувања

    29.09.2026 во 14:12

    Ѓорѓиевски и американската амбасадорка Варнс ја отворија изложбата „Road to Liberty“ во Скопје по повод 250 години од независноста на САД

    29.09.2026 во 14:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.