Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи, поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Од нив, осуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: Ј.Л.(20) од с.Батинци, скопско, О.Ф.(22) од Скопје, В.Ќ.(34) од Гостивар, Л.Р.(38) од с.Ѓурѓевиште, Општина Врапчиште, П.А.(22) од Кочани, Ф.Ш.(24) од Штип, Л.Ј.(21) и 15-годишна малолетничка, двајцата од Прилеп.
Две лица управувале патничко возило иако имале активна забрана за управување на моторно возило и тоа: В.А.(46) од Скопје и Н.С.(27) од Кратово, а Д.Н.(66) од Тетово управувал патничко возило под дејство на алкохол. Додека пак, А.Н.(55) од с.Велешта, струшко, возел со активна забрана за управување на моторно возило, под дејство на алкохол и брзина поголема од дозволената.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

