Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел

    28.09.2026 во 14:21

    Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата

    28.09.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се закануваат силни ветрови, поплави и одрони – Мексико на удар на ураганот Поло
    • Мицкоски: Со модернизацијата на хидроцентралите ќе произведуваме повеќе струја
    • Мицкоски: Не треба да го обвинуваме Брисел, претходната влада ставила потпис
    • Ужас на познат факултет: Студентка издрогирана, претепана и групно силувана
    • Пресврт во истрагата: Смртта на 32-годишната Марија првично се сметаше за несреќа, всушност било убиство
    • Трамп најавува брз крај на конфликтот со Иран
    • Мицкоски за рудникот во Крива Паланка: „Појдете и прашајте ги луѓето“
    • Возачи, внимавајте, наскоро македонската полиција ќе казнува за овој прекршок – Казната е 45 евра
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Се закануваат силни ветрови, поплави и одрони – Мексико на удар на ураганот Поло

    Се закануваат силни ветрови, поплави и одрони – Мексико на удар на ураганот Поло

    29.09.2026 во 11:142 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Жителите на мексиканската сојузна држава Долна Калифорнија Југ се подготвуваат за пристигнувањето на ураганот Поло на полуостровот, кој се заканува со силни ветрови, поплави и одрони, а и понатаму би можен на делови од Хаваи да им донесе обилни врнежи, пренесе денес АП.

    Поло во понеделник наутро беше бура од трета категорија со максимална брзина на ветерот од 185 километри на час, соопшти американскиот Национален центар за урагани со седиште во Мајами. Метеоролозите наведоа дека бурата ќе го погоди копнениот дел на Мексико откако ќе ја зафати Долна Калифорнија Југ со обилни врнежи, како и дека наскоро се очекуваат ветрови опасни по живот и поројни поплави. Подоцна во текот на неделата, бурата би можела да донесе обилни врнежи и поплави во делови од југозападот на САД.

    Националната координаторка на мексиканската Агенција за цивилна заштита, Лаура Веласкез, изјави дека Поло ќе стигне до копното подоцна во текот на попладнето, при што упати апел:

    – Жителите да не излегуваат на улиците и да побараат засолниште доколку нивните домови се загрозени.

    Мексиканската морнарица соопшти дека собрала луѓе и подготвила хуманитарна помош во пристаништата Гвајмас и Мазатлан на пацифичкиот брег, и ангажирала три пловила подготвени да допремаат помош до крајбрежните заедници кои се отсечени поради бурата. Во меѓувреме, жителите на Хаваи сè уште се опоравуваат од претходниот ураган Лала, кој сруши околу 100 куќи од нивните темели на Големото Острово.

    Прочитај повеќе

    Ужас на познат факултет: Студентка издрогирана, претепана и групно силувана

    29.09.2026 во 11:07

    Пресврт во истрагата: Смртта на 32-годишната Марија првично се сметаше за несреќа, всушност било убиство

    29.09.2026 во 11:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.