Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел

    28.09.2026 во 14:21

    Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата

    28.09.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Со модернизацијата на хидроцентралите ќе произведуваме повеќе струја
    • Мицкоски: Не треба да го обвинуваме Брисел, претходната влада ставила потпис
    • Ужас на познат факултет: Студентка издрогирана, претепана и групно силувана
    • Пресврт во истрагата: Смртта на 32-годишната Марија првично се сметаше за несреќа, всушност било убиство
    • Трамп најавува брз крај на конфликтот со Иран
    • Мицкоски за рудникот во Крива Паланка: „Појдете и прашајте ги луѓето“
    • Возачи, внимавајте, наскоро македонската полиција ќе казнува за овој прекршок – Казната е 45 евра
    • Убиен висок функционер на „Њујорк тајмс гејмс“, уапсени постари сопружници
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Со модернизацијата на хидроцентралите ќе произведуваме повеќе струја

    Мицкоски: Со модернизацијата на хидроцентралите ќе произведуваме повеќе струја

    29.09.2026 во 11:121 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на промоцијата на капиталниот проект на АД ЕСМ „Ревитализација на хидроелектраните – фаза 3“, со кој започнува новата фаза од модернизацијата на хидроенергетските капацитети во земјава.

    Мицкоски истакна дека проектот ќе овозможи модернизација на значаен дел од производствените капацитети на АД ЕСМ, особено хидроелектраните, што, според него, ќе придонесе за зголемување на производството на електрична енергија и на уделот на обновливите извори во производното портфолио.

    „Со модернизацијата ќе се зголеми произведената количина електрична енергија, а со тоа и производното портфолио на АД ЕСМ во делот на обновливата енергија“, рече Мицкоски.

    Тој посочи дека за третата фаза од рехабилитацијата се разговарало уште во периодот кога бил директор на АД ЕЛЕМ, но дека во меѓувреме немало напредок во реализацијата.

    Проектот се финансира со комбинација од грант и поволен кредит, а Мицкоски очекува ваквите инвестиции да продолжат и во иднина.

    Премиерот посочи дека Владата се стреми кон постигнување нето-нула разлика меѓу произведената и потрошената електрична енергија.

    „Веќе неколку месеци се движиме над или околу 95 проценти, што значи дека полека, но сигурно се ближиме кон целта – да бидеме нето-нула на крајот од годината“, додаде Мицкоски.

    Just In Top News Влада Мицкоски
    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Не треба да го обвинуваме Брисел, претходната влада ставила потпис

    29.09.2026 во 11:11

    Мицкоски за рудникот во Крива Паланка: „Појдете и прашајте ги луѓето“

    29.09.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.