Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел

    28.09.2026 во 14:21

    Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата

    28.09.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Одлуката на РКЕ стапи на сила: Нови цени на бензинот и дизелот
    • Не се карајте и не терајте инает – Славиме три светители, обичаи за денешниот празник
    • Ниски температури на стартот на денот – УХМР со временска најава
    • Проверете го срцето бесплатно: Превентивни прегледи денеска во „Дајмонд мол“
    • Татко од Скопје пријавил во полиција: Малолетната ќерка нападната од момчето
    • Презентација на резултатите од проектот за заштита на жените од насилство
    • „ЗОО приказни“ ги носи децата поблиску до животните
    • Предизвиците со бездомните кучиња во Кичево пред локалната заедница
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Одлуката на РКЕ стапи на сила: Нови цени на бензинот и дизелот

    Одлуката на РКЕ стапи на сила: Нови цени на бензинот и дизелот

    29.09.2026 во 08:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Од полноќ имаме нови цени на горивата. Бензините поскапеа за еден денар по литар, додека дизелот поевтине за 4,5 денари и се продава по 100 денари за литар.

    ЕУРОСУПЕР БС-95 чини 100 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 – 102 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и се продава по 111,50 денари за литар, додека мазутот чини 49,882 денари за килограм.

    Според Регулаторната комисија за енергетика, со новата пресметка малопродажните цени на нафтените деривати во просек се намалуваат за 1,06 проценти во однос на цените од 21 септември.

    Клучната промена е кај дизелот. Неговата референтна цена на светскиот пазар во изминатиот период се намалила во просек за 6,7 проценти, или за повеќе од 107 долари по тон. Кај бензините, пак, берзанската цена практично останала непроменета, со минимален раст од 0,049 проценти.

    Во пресметката влијаел и курсот на доларот. Денарот во однос на американската валута во просек бил послаб за нешто помалку од еден процент, што делумно го намалило ефектот од поевтинувањето на дизелот на светските берзи.

    Дополнително, Владата донела одлука повластената стапка на ДДВ од 10 проценти за дизелот да продолжи да се применува и во оваа пресметка.

    Продолжена е и мерката за намалена акциза од четири денари по литар за бензините и дизелот.

    Со комбинацијата од пониска берзанска цена на дизелот, задржаното ДДВ од 10 проценти и намалената акциза, дизелот од полноќ ќе биде поевтин за 4,5 денари по литар.

    Новите цени ќе важат до следната пресметка на Регулаторната комисија.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Не се карајте и не терајте инает – Славиме три светители, обичаи за денешниот празник

    29.09.2026 во 08:34

    Ниски температури на стартот на денот – УХМР со временска најава

    29.09.2026 во 08:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.