Close Menu
Press24
    Најново

    Не заборавајте да ги вратите стрелките на часовникот еден час назад

    26.09.2026 во 10:55

    Во понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    26.09.2026 во 12:40

    Акција во Скопје: Инспекторка од АХВ падна в рацете на полицијата – ја фатија со мито

    25.09.2026 во 13:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ОЈО спроведе истрага против и бара притвор за инспекторка од АХВ во Скопје – Барала 250 евра поткуп за да прикрие неправилности во угостителски објект
    • Силувано дете во Тетово: 62-годишник сам се пријавил во полиција по објавено видео на социјалните мрежи
    • Скопјанка го пријавила деверот во полиција
    • Кривично ќе се гони вработена во Агенцијата за храна и ветеринарство – барала 250 евра поткуп
    • „Колегата ме нападна“ – скопјанец пријавил во полиција
    • Тешка сообраќајка кај Струга: Повредени три лица
    • Дрога и таблети пронајдени кај осуденик во затворското одделение во Велес
    • Паднаа четворица дилери од Куманово
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ОЈО спроведе истрага против и бара притвор за инспекторка од АХВ во Скопје – Барала 250 евра поткуп за да прикрие неправилности во угостителски објект

    ОЈО спроведе истрага против и бара притвор за инспекторка од АХВ во Скопје – Барала 250 евра поткуп за да прикрие неправилности во угостителски објект

    26.09.2026 во 15:221 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Примање поткуп според член 357 став 1 од Кривичниот законик.

    Осомничената 42-годишна вработена во Агенцијата за храна и ветеринарство, како службено лице – инспектор за храна, во периодот од 17 до 25 септември, побарала и примила поткуп во износ од 250 евра од управител на правно лице за да изготви записник со кој ќе констатира дека извршила инспекциски надзор и дека нема неправилности во работата на објектот, односно дека тој ги почитува сите потребни процедури за работа.

    Поради ризикот од бегство, опасноста осомничената да влијае врз оштетениот и неговиот исказ, како и можноста од позиција на службено лице- инспектор да го повтори дејствието кое не смеела да го изврши, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

    Прочитај повеќе

    Силувано дете во Тетово: 62-годишник сам се пријавил во полиција по објавено видео на социјалните мрежи

    26.09.2026 во 14:28

    Скопјанка го пријавила деверот во полиција

    26.09.2026 во 14:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.