Close Menu
Press24
    Најново

    Акција во Скопје: Инспекторка од АХВ падна в рацете на полицијата – ја фатија со мито

    25.09.2026 во 13:47

    Пресврт: На стариот пат кон Врање загинала баба и двегодишно дете, мајката се бори за живот

    25.09.2026 во 23:40

    Скопјe: По полноќ преживеал хорор на улица

    25.09.2026 во 09:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Утрово во Македонија измерени 3 степени
    • Не заборавајте да ги вратите стрелките на часовникот еден час назад
    • Паднаа двајца радовишани: Неовластено и во нехигиенски услови произведувале мраз во кој е утврдено присуство на бактерии
    • Дневен хороскоп: Овенот да избегнува трошоци, нови можности за Лавовите
    • ВМРО-ДПМНЕ: Рубин Земон повторно на седница на Централниот одбор на СДС по најавите за повлекување
    • СДСМ: Ќе ја вратиме власта во рацете на граѓаните
    • Времето денеска променливо облачно и свежо -УХМР најавува потопли денови
    • Скопско семејство преживува хорор поради долг – маж ги следи и телефонски ги вознемирува
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Утрово во Македонија измерени 3 степени

    Утрово во Македонија измерени 3 степени

    26.09.2026 во 11:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Утрово најстудено е на Попова Шапка со температура од 3 степени Целзиусови, соопшти УХМР. Потоа следуваат Маврови Анови со 6, Крушево со 7, Берово, Крива Паланка, Претор и Охрид со 9, Куманово, Прилеп и Виница со 10, Битола и Тетово со 11, Скопје-Зајчев Рид, Велес, Штип со 12, Кавадарци, Струмица, Скопје-Петровец и Демир Капија со 13 и Гевгелија со 14 степени.

    Во однос на врнежите, најмногу дожд наврна во Крушево и Претор – 32 литри на квадратен метар, потоа 23 на Попова Шапка, 18 во Кавадарци, 15 во Куманово, 13 во Крива Паланка и Битола, 12 во Охрид, 11 во Велес, по 10 во Скопје–Петровец, Виница, Тетово и Берово, 9 во Ѓуриште, по 8 во Тополчани и Демир Капија, по 7 во Маврови Анови, Пожаране и Прилеп, 5 во Гевгелија, и по 2 во Скопје–Зајчев Рид и Струмица. Од УХМР појаснуваат дека дадените вредности се измерени на дождомерните места, а поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да биде многу поголема.

    Времето претпладне ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, додека во попладневните часови облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен.

    Во Скопје, во претпладневните часови ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, по што попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а максималната температура ќе достигне до 20 степени.

    Прочитај повеќе

    Не заборавајте да ги вратите стрелките на часовникот еден час назад

    26.09.2026 во 10:55

    Паднаа двајца радовишани: Неовластено и во нехигиенски услови произведувале мраз во кој е утврдено присуство на бактерии

    26.09.2026 во 10:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.