Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    ФОТО: Елегантно издание на сопругата на Премиерот – Рози Мицкоска на приемот кај Меланија Трамп

    23.09.2026 во 11:37

    Измерени минус 6 степени, студ во регионот – Пресврт со времето се очекува и во Македонија

    24.09.2026 во 08:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Безбеден град“ во Охридскиот регион стартува од 12 октомври
    • Филипче пред француските сенатори: Времето поминува, европската иднина е доведена во прашање
    • Софија одговори на барањата од Скопје: Бугарија е подготвена за дијалог
    • Тренчевска: Да се повлече планот за рудниците – Македонија не е на распродажба
    • Дурмиши од Баку: Северна Македонија е производствена и извозна платформа за европските и регионалните пазари
    • Шукова: Власта да им објасни на граѓаните како се живее од празни флоскули и плата од 26.000 денари
    • Кипарско-македонската филмска соработка претставена на ИФФК „Браќа Манаки“
    • Анима Мунди: Масовна чистка на мирни маалски миленици во Прилеп
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Безбеден град“ во Охридскиот регион стартува од 12 октомври

    „Безбеден град“ во Охридскиот регион стартува од 12 октомври

    25.09.2026 во 13:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна посета на СВР Охрид и Регионалниот центар за гранични работи Запад, каде со раководствата разговараше за актуелната безбедносна состојба, тековните активности и приоритетите во работењето.

    Во СВР Охрид, посебен акцент беше ставен на завршните подготовки на командниот центар, неопходен за практична примена на системот „Безбеден град“ на подрачјето на Секторот. На средбата беше констатирано дека активностите се во завршна фаза и дека системот треба да започне со примена од 12 октомври.

    „Во завршна фаза сме со уредувањето на командниот центар во СВР Охрид, кој е неопходен за да започнеме со практична примена на ‘Безбеден град’. Начелно се договоривме со раководството дека ќе бидеме подготвени системот да започне со примена од 12 октомври на целата територија на СВР Охрид. Тоа значи дека ‘Безбеден град’ го прошируваме и на подрачјата на Охрид, Струга, Кичево и Дебар. Во следните две недели треба да ги завршиме преостанатите активности за овој паметен систем целосно да го ставиме во функција“, истакна министерот Тошковски.

    Во рамки на посетата се разговараше и за состојбите и резултатите во борбата против криминалот и корупцијата, спречувањето на нелегалната трговија и дистрибуцијата на дрога, одржувањето на јавниот ред и мир, како и за активностите за подобрување на безбедноста во сообраќајот.

    При посетата на Регионалниот центар за гранични работи Запад, министерот информираше и за значаен исчекор во соработката со ФРОНТЕКС. Договорено е активностите што досега се спроведуваат на јужната граница да бидат проширени и кон западната граница, при што почетокот на заедничките активности се очекува на почетокот на идната година.

    „За првпат е договорено ФРОНТЕКС, во рамки на соработката што ја имаме со Европската Унија, своите активности да ги насочи и кон западната граница, а не само кон јужната како досега. Очекуваме заедничките активности да започнат на почетокот на идната година, со што ќе обезбедиме дополнителни капацитети и подобра контрола на западната граница, пред сè кон Република Албанија“, потенцираше Тошковски.

    Министерот нагласи дека Министерството за внатрешни работи продолжува со активности за модернизација на полициското работење, зајакнување на граничната безбедност и унапредување на капацитетите на полициските служби, со цел поефикасно справување со безбедносните предизвици и поголема безбедност на граѓаните.

    Прочитај повеќе

    Филипче пред француските сенатори: Времето поминува, европската иднина е доведена во прашање

    25.09.2026 во 13:02

    Софија одговори на барањата од Скопје: Бугарија е подготвена за дијалог

    25.09.2026 во 12:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.