Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел

    28.10.2026 во 17:39

    Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел

    28.10.2026 во 17:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
    • Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче пред француските сенатори: Времето поминува, европската иднина е доведена во прашање

    Филипче пред француските сенатори: Времето поминува, европската иднина е доведена во прашање

    25.09.2026 во 13:023 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На денешната средба со делегацијата од Сенатот на Француската Република, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, изрази сериозна загриженост за евроинтегративниот пат на Македонија и за начинот на кој Владата го води процесот. Филипче посочи дека лошито политики на Владата во повеќе клучни области веќе се нотирано и во извештаите на Европската комисија, особено во делот на владеењето на правото, правосудството и медиумскиот плурализам.

    „Лично многу загрижен за евроинтегративниот пат на земјата и за перформансот кој што оваа Влада го има во изминатиот период во неколку сфери. И тоа е перформанс на кој што забелешки имаат дадено европските институции, влезени се забелешки во репортите на Европската Комисија во неколку важни сфери“,  рече Филипче.

    Тој посочи дека особено загрижува состојбата со владеењето на правото, особено во однос на јавно мешање и притисок врз судството и обвинителството од страна на премиерот.

    „Во сферата на владеење на правото, сведоци сме на јавна критика што мислам дека е недозволиво од страна на премиерот, повикување на одредени судии, обвинители и така натаму. Понатаму, недоволниот буџет кој што ја оделем за правосудството, сметам дека е тоа нешто што не треба да биде така, поради тоа што соодветното буџетирање со област на европските стандарди е нешто што во оваа, навистина, лоша ситуација со довербата во правосудството кај нас, како еден од чекорите кои што тој систем треба да го зајакнува“, рече Филипче.

    Во обраќањето, Филипче укажа и на сериозните забелешки постојат во делот на медиумскиот плурализам, за кои Европската комисија веќе нотираше притисоци и проблеми, а дополнителна загриженост предизвикува и влезот на странски медиуми и начинот на кој тие добиваат дозволи за функционирање во земјата.

    „Притисокот на медиумите, нешто што е исто така нотирано во делот на медија плурализм на страница 4-5 во репортот на Европската Комисија и неколку малформации на кои што сме сведоци изминатиот период. Во нашата земја, околу 40% од медиумите се во сопственост на луѓе близки на поранешниот премиер Виктор Орбан, премиерот на Унгарија. Телевизиска станица, портали и така натаму.Меѓутоа во изминатиот период сме сведоци дека голем притисок и влез на српски медиуми во земјата и тоа на многу, би рекол, незаконски начин, затоа што постојат канали кои што доаѓаат преку српскиот Телеком и кои што имаат незаконски добиена лиценца од страна на независниот регулатор“, рече Филипче.

    Филипче предупреди дека времето минува и дека Македонија ризикува да остане надвор од процесите што веќе се отвораат за други земји.

    „Ако оваа влада обезбеди подобри услови во преговорите или гаранција дека во иднина нема да бидеме повторно блокирани на евроинтегративниот пат, ние тоа ќе го поддржиме. Но се поставува прашањето што доколку нема и не се обезбедат гаранции, и докога ќе се обидуваат да се обезбедат некакви гаранции, затоа што времето поминува“,рече Филипче.

    Прочитај повеќе

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел

    28.10.2026 во 17:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.