До крајот на седмицава западна и југозападна Европа повторно ќе бидат зафатени од екстремно топол бран кој ќе услови повторно во овој дел од Европа да има екстремно високи температури на воздухот, кои ќе бидат значително над просекот за овој дел од годината.
Деновиве во Франција температурите ќе надминуваат 30 степени, а сепак најгоpодена од овој екстремно топол бран ќе биде Шпанија. Токму во Шпанија до крајот на седмицава температурите на повеќето места ќе надминуваат 35 степени, а локално тие ќе се искачат дури до 40 степени.
За време на овој екстремно топол бран во овој дел од Европскиот Континент, врнежи нема да има со што времето ќе биде сончево и без врнежи, што значи дека сушниот период ќе продолжи во овој дел од Европскиот Континент.
Барем одсега гледано, врнежи и пад на температурите во овој дел од Европскиот Континент се очекуваат следната седмица, соопшти метеорологот Славчо Попоски.

