Тешка сообраќајна несреќа се случила во село Копачин Дол, каде 24-годишниот М.К. се здобил со тешки телесни повреди по пад од мотоцикл.
Случајот бил пријавен вчера во 15:00 часот во СВР Тетово, откако повредениот бил донесен во Ургентниот центар во Тетово.
Според изјавата на неговиот родител, М.К. управувал мотоцикл во дворот од семејната куќа, при што во еден момент изгубил контрола над возилото и паднал.
На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Тетово.
Полицијата работи на утврдување на сите околности поврзани со несреќата.

