Општина Центар распиша јавен повик за учество во „Обука за финансиска писменост на жените“.
На обуката можат да се пријават жителки на Општина Центар на возраст од 20 до 50 години, со најмалку завршено четиригодишно средно образование, кои се невработени и евидентирани во Агенцијата за вработување.
Целта на обуката е унапредување на финансиската писменост и развој на женското претприемништво, со што се очекува да се придонесе кон поголема економска независност и искористување на претприемачкиот потенцијал на жените.
„Финансиската писменост е клучна за донесување добри финансиски одлуки и градење сигурна иднина. Оваа обука е чекор кон поголема информираност, самостојност и економско зајакнување на жените“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.
Повеќе информации за условите и начинот на пријавување се достапни на веб-страницата на Општина Центар.

