Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ до Николовски: Бараш судска заштита, а не се појавуваш на рочишта
    • СДСМ: Економските резултати на Мицкоски се катастрофално лоши
    • Историска средба во Белата куќа: Си Џинпинг и Доналд Трамp пред клучни трговски одлуки
    • Собранието домаќин на 25. Мешовит парламентарен комитет ЕУ – Северна Македонија
    • Северна Кореја тестираше нови наведувани ракети од 240 мм: Загрозена јужната граница
    • Температурите паднаа под нулата – Ладно утро во Македонија
    • Операција „Филтер“: Паѓа организирана група за шверц на цигари, Царинската управа врши претреси на над 20 локации
    • Гореше низ Македонија – ЦУК информира за состојбата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВИДЕО: Малолетник го запалил македонското знаме и се фалел со видео – МВР го расчисти случајот

    ВИДЕО: Малолетник го запалил македонското знаме и се фалел со видео – МВР го расчисти случајот

    24.09.2026 во 08:40Updated:24.09.2026 во 09:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Секторот за внатрешни работи Тетово – Одделението за компјутерски криминал, во координација со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи, го расчисти случајот со видеообјава на социјалната мрежа „ТикТок“, на која се гледа палење на македонското знаме.

    На 22 септември 2026 година, при мониторинг на социјалните мрежи, полициски службеници детектирале видео со содржина за која постојат основи на сомнение дека е сторено кривично дело „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, верска и друга дискриминаторска основа“, предвидено и казниво согласно член 319 став 1 од Кривичниот законик.

    По преземените оперативни мерки и активности, на 23 септември бил утврден идентитетот на авторот на профилот. Станува збор за малолетно лице под 14-годишна возраст од Тетово.

    Во полициските простории, во присуство на родител и претставници на Центарот за социјална работа Тетово, бил извршен службен разговор со малолетникот, при што тој го признал делото. Со согласност на родителот, за потребите на постапката и фотодокументирање на доказите, бил обезбеден мобилниот телефон од кој било објавено видеото.

    За време на разговорот, малолетникот посочил уште три малолетни лица кои учествувале во настанот. Тие дополнително ќе бидат повикани во полициска станица со цел целосно расчистување на случајот.

    По целосното документирање на предметот, до надлежното Основно јавно обвинителство Тетово ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ до Николовски: Бараш судска заштита, а не се појавуваш на рочишта

    24.09.2026 во 09:23

    СДСМ: Економските резултати на Мицкоски се катастрофално лоши

    24.09.2026 во 09:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.