Close Menu
Press24
    Најново

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    ФОТО: Почина долгогодишен член на СДСМ – „Голема загуба за целото партиско семејство”

    23.09.2026 во 09:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Што добиваат македонските возачи со новата хрватска виза – ќе важи само за во една држава
    • Lidl ја проширува инвестицијата во Битола: Поставен камен-темелник за вториот маркет
    • Јаневска: Сите деца имаат право да учат и да стекнуваат вештини
    • Филипче од Аеродром: Дупката во Фондот за ПИОМ достигна една милијарда евра
    • Димитриеска-Кочоска на Светскиот економски форум во Њујорк: Инвестициите и соодветното финансирање се клучни за енергетска сигурност и одржлив економски раст
    • МВР со детали за вчерашниот пожар во кругот на „Железара“
    • Приведени девет возачи – меѓу нив неколку малолетници
    • Инцидент во Прилеп: Приведени маж и жена затоа што попречувале социјални работници при службена работа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Lidl ја проширува инвестицијата во Битола: Поставен камен-темелник за вториот маркет

    Lidl ја проширува инвестицијата во Битола: Поставен камен-темелник за вториот маркет

    23.09.2026 во 14:343 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска со свечено поставување на камен-темелник, компанијата Lidl официјално го означи почетокот на изградбата на својот втор продажен објект во Битола. Додека првиот маркет на компанијата во градот е веќе во финална фаза од изградбата, со овој нов проект Битола станува еден од клучните места во земјава каде што Lidl ќе овозможи современо и модерно шопинг искуство преку повеќе продажни локации.

    Оваа инвестиција претставува уште еден значаен и конкретен чекор во реализацијата на долгорочната стратегија на Lidl за развој на сопствена продажна мрежа во Северна Македонија. Преку паралелни инвестиции на повеќе локации ширум земјата, компанијата гради модерна малопродажна и логистичка инфраструктура со цел да ги направи своите производи и услуги лесно достапни за сите потрошувачи.

    Во своето обраќање пред присутните, Катарина Зориќ, директорка за недвижности во Lidl Северна Македонија, го истакна бизнис-моделот на компанијата кој се темели на развој на сопствени објекти изградени според највисоките меѓународни стандарди.

    „Ние инвестираме во изградба на сопствени објекти, што значи дека секој маркет го градиме од самиот почеток, со примена на строги стандарди за квалитет и внимателно планирање на сите сегменти од неговата реализација. Нашата цел е да создадеме широка и функционална мрежа на маркети, со највисоко ниво на квалитет, енергетска ефикасност и одржливост, како и решенија што нудат пријатна средина за потрошувачите. Веруваме дека нашите потрошувачи треба да имаат и понуда на најквалитетни производи по пристапна цена кои ќе ги купат во објекти каде ќе имаат комотно и пријатно искуство како наши клиенти.“

    Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, истакна дека вториот маркет на Lidl е значајна инвестиција за градот, која носи придобивки за локалната економија и потрошувачите, но и потврда дека Битола е град во кој компанијата препознава потенцијал.

    „Задоволство е што денеска го означуваме официјалниот почеток на изградбата на вашиот, а и нашиот Lidl маркет, втор во Битола. Велам нашиот затоа што верувам дека битолчани со нетрпение очекуваат да се изгради, а потоа и да се отворат вратите на овој препознатлив бренд. Оваа значајна инвестиција ќе биде додадена вредност за битолската економија, ќе придонесе за отворање нови работни места и ќе обезбеди квалитетна понуда за потрошувачите, а воедно ќе отвори можности за партнерства со домашни компании. Ви благодарам што по втор пат ја избравте Битола и со нетрпение очекуваме да ги отворите вратите за сите нас“, изјави Коњановски.

    Основни карактеристики на новиот маркет во Битола:

    • Современа градежна концепција: Изградба по највисоки стандарди за енергетска ефикасност и еколошка одржливост на простор од 5 288 м².
    • Простран и функционален распоред: Современо уредена продажна сала од 1 546 м² за пријатно искуство при пазарењето.
    • Пристапност и паркинг: Обезбедени 108 паркинг места за удобно пазарување на нашите клиенти.
    • Зелена површина: Над 20% од парцелата е предвидена за хортикултурно уредување и зеленило.

    Како дел од Schwarz Group, еден од водечките европски синџири во малопродажбата на храна, Lidl управува со околу 12.900 маркети во 31 држава и вработува над 395.000 луѓе.

    Прочитај повеќе

    Што добиваат македонските возачи со новата хрватска виза – ќе важи само за во една држава

    23.09.2026 во 14:41

    Јаневска: Сите деца имаат право да учат и да стекнуваат вештини

    23.09.2026 во 14:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.