Close Menu
Press24
    Најново

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    ФОТО: Почина долгогодишен член на СДСМ – „Голема загуба за целото партиско семејство”

    23.09.2026 во 09:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Што добиваат македонските возачи со новата хрватска виза – ќе важи само за во една држава
    • Lidl ја проширува инвестицијата во Битола: Поставен камен-темелник за вториот маркет
    • Јаневска: Сите деца имаат право да учат и да стекнуваат вештини
    • Филипче од Аеродром: Дупката во Фондот за ПИОМ достигна една милијарда евра
    • Димитриеска-Кочоска на Светскиот економски форум во Њујорк: Инвестициите и соодветното финансирање се клучни за енергетска сигурност и одржлив економски раст
    • МВР со детали за вчерашниот пожар во кругот на „Железара“
    • Приведени девет возачи – меѓу нив неколку малолетници
    • Инцидент во Прилеп: Приведени маж и жена затоа што попречувале социјални работници при службена работа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска: Сите деца имаат право да учат и да стекнуваат вештини

    Јаневска: Сите деца имаат право да учат и да стекнуваат вештини

    23.09.2026 во 14:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во државното средно училиште со ресурсен центар „Партенија Зографски“, наставниците покажуваат дека може да се најде соодветен начин и средства за комуникација со секое дете, согласно неговите можности. Повод за тоа е одбележувањето на Меѓународниот ден на знаковниот јазик, на кое министерката за образование и наука Весна Јаневска порача дека сите деца имаат право да учат, да знаат и да стекнуваат вештини кои ќе им користат во животот и работата.

    Потенцирајќи ја важноста на знаковниот јазик, министерката Јаневска истакна:

    „Знаковниот јазик им помага да се ‘слушнат’ меѓу себе и нив да ги ‘чујат’ другите. Тој им го олеснува образованието. Како министерство, работиме на отстранување на бариерите и соработуваме со училиштата со ресурсни центри во обезбедувањето дидактички материјали, асистивна технологија и поддршка во употребата на знаковниот јазик. Обезбедуваме континуирани обуки за наставниците за изучување на знаковниот јазик. Зашто, од тоа зависи квалитетот на образованието што ќе го добијат учениците“.

    По потсетувањето дека Македонија е потписничка на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, министерката нагласи дека борбата против стигмата и дискриминацијата е хумана должност.

    „Дозволете ми да забележам дека како општество треба уште да работиме на промена на ставовите кон лицата со попреченост. Подигнувањето на свеста за нивните права, едукативните активности и комуникација се начини на борба против стигмата и дискриминацијата, кои не се наша обврска само поради потпишаните документи, туку се наша човечка должност кон секого“, рече Јаневска.

    Прочитај повеќе

    Што добиваат македонските возачи со новата хрватска виза – ќе важи само за во една држава

    23.09.2026 во 14:41

    Lidl ја проширува инвестицијата во Битола: Поставен камен-темелник за вториот маркет

    23.09.2026 во 14:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.