Close Menu
Press24
    Најново

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    ФОТО: Почина долгогодишен член на СДСМ – „Голема загуба за целото партиско семејство”

    23.09.2026 во 09:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Што добиваат македонските возачи со новата хрватска виза – ќе важи само за во една држава
    • Lidl ја проширува инвестицијата во Битола: Поставен камен-темелник за вториот маркет
    • Јаневска: Сите деца имаат право да учат и да стекнуваат вештини
    • Филипче од Аеродром: Дупката во Фондот за ПИОМ достигна една милијарда евра
    • Димитриеска-Кочоска на Светскиот економски форум во Њујорк: Инвестициите и соодветното финансирање се клучни за енергетска сигурност и одржлив економски раст
    • МВР со детали за вчерашниот пожар во кругот на „Железара“
    • Приведени девет возачи – меѓу нив неколку малолетници
    • Инцидент во Прилеп: Приведени маж и жена затоа што попречувале социјални работници при службена работа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Регионална конференција за воени злосторства во Скопје: Обвинителите од Западен Балкан и претставници од Хаг со фокус на соработката и правдата

    Регионална конференција за воени злосторства во Скопје: Обвинителите од Западен Балкан и претставници од Хаг со фокус на соработката и правдата

    23.09.2026 во 12:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Главните јавни обвинители и обвинители кои постапуваат по предмети за воени злосторства од Западен Балкан, како и претставници на Меѓународниот резидуален механизам за кривични трибунали во Хаг, учествуваат на дводневната Регионална конференција на обвинители за соработка во постапките за воени злосторства, која денес започна во Скопје.

    Настанот ја продолжува традицијата на регионални средби и обезбедува платформа за размена на искуства, зајакнување на практичната соработка и пренос на предмети и докази меѓу различни јурисдикции.

    Конференцијата ја отвори државниот јавен обвинител Ненад Савески, кој истакна:

    „Нас нè обединува не само нашата професија, туку и нашата заедничка, морална и законска должност. А тоа е борбата против неказнивоста за најтешките злосторства против човештвото. Освен тоа, како јавни обвинители, нашиот примарен мандат не е само да ги казниме сторителите, туку да им дадеме глас и да ги заштитиме жртвите“.

    Тој додаде дека одговорноста за најтешките кривични дела е индивидуална, со што се придонесува за соживот на идните генерации.

    Раководителката на Секторот за операции 1 при Делегацијата на ЕУ, Роберта Кортезе, потенцираше:

    „Европската Унија придава големо значење на правдата, отчетноста и владеењето на правото во Западен Балкан. Тоа се темелни европски вредности, но и суштински елементи на процесот на европска интеграција. Во овој контекст, утврдувањето на одговорноста за воените злосторства е од особено значење. Изминувањето на времето не ја намалува одговорноста на институциите да постапуваат по тешките кривични дела и да обезбедат правда за жртвите и преживеаните. Затоа, Европската Унија силно ги поддржува напорите за зајакнување на соработката меѓу обвинителствата и правосудните институции во регионот. ЕУ го препознава поврзувањето на правдата, регионалната соработка, помирувањето и вклучувањето на граѓаните како важен дел од европската перспектива на Западен Балкан“.

    Постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, истакна:

    „Правдата не зависи само од формалните механизми, туку и од силните професионални врски, довербата и континуираната соработка меѓу институциите. Токму затоа, преку проектот „Поддршка на ЕУ за градење доверба во Западен Балкан“, финансиран од Европската Унија, создаваме простор обвинителите и другите правосудни професионалци од регионот да разменуваат искуства, да разговараат отворено за практичните предизвици и да ја зајакнуваат меѓусебната соработка. Нашата заедничка цел е правда која е професионална, кредибилна, заснована на човековите права и насочена кон потребите на жртвите“.

    Конференцијата се организира во рамките на проектот имплементиран од УНДП и ќе заврши утре со усвојување на заклучоци и препораки за унапредување на регионалната соработка.

    Прочитај повеќе

    Што добиваат македонските возачи со новата хрватска виза – ќе важи само за во една држава

    23.09.2026 во 14:41

    Lidl ја проширува инвестицијата во Битола: Поставен камен-темелник за вториот маркет

    23.09.2026 во 14:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.