Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап

    21.09.2026 во 10:57

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    Регулаторна одлучи: Од полноќ големо поскапување на дизелот

    21.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Додик: Следната фаза е „подигнување на самостојноста и автономијата“ на Република Српска
    • Трамп: Америка се врати и ѝ оди подобро од кога било
    • Прилепчанец дивеел во сендвичара: Тепал, кршел и се заканувал
    • Серафимовски-Ле Риголер: Постојат нови можности за продлабочување на соработката со Франција во земјоделството
    • Муакетов на 25. Конференција на Македонската берза: Мал пазар голема можност
    • Падна групата што шверцаше вијагра во Тетово – меѓу нив и цариник
    • Просечната плата во јули речиси 800 евра
    • Ноќеска и официјално доаѓа есента
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Додик: Следната фаза е „подигнување на самостојноста и автономијата“ на Република Српска

    Додик: Следната фаза е „подигнување на самостојноста и автономијата“ на Република Српска

    22.09.2026 во 17:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Лидерот на владејачката партија во Република Српска, Милорад Додик, денеска најави дека, доколку кандидатите на неговата партија победат на претстојните општи избори во БиХ, ќе работи на зајакнување на самостојноста на ентитетот со кој сега де факто управува, тврдејќи дека за Србите „нема живот“ во БиХ.

    На предизборен митинг во Источно Сараево, тој потврди дека продолжува да се залага за отцепување на Република Српска од БиХ и изрази уверување дека следната фаза во тој процес ќе биде „подигнување на самостојноста и автономијата“ на овој ентитет, објавија локалните медиуми под негова контрола.

    – Се молам на Бога некоја идна генерација да биде свесна за тој момент и да го направи тоа што мора. За нас нема живот во БиХ – рече Додик пред собраните приврзаници.

    Инаку, по правосилната судска пресуда со која во 2025 година беше прогласен за виновен за неспроведување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница, на Додик му е забрането шест години да извршува каква било функција во органите на власта. Поради тоа тој не може да се кандидира на изборите закажани за 4 октомври, но како претседател на владејачкиот Сојуз на независни социјалдемократи (СНСД) активно учествува во кампањата во која ги промовира партиските кандидати за различни функции.

    Додик инсистираше дека затоа е важно да не се дозволи натамошно поврзување меѓу Сараево и Источно Сараево – населба што настана по војната во руралното подрачје околу главниот град на БиХ, откако во 1996 година тогашното раководство на босанските Срби организираше заминување на десетици илјади жители од српска националност од околината на Сараево, посочува Хина.

    Потоа беше поттикната изградбата на Источно Сараево како паралелен град, но и денес тој главно се состои од станбени згради, додека мнозинството жители работат и заработуваат во Сараево. На Додик и на неговите соработници им пречи и тоа што станови во Источно Сараево, поради пониските цени, купуваат и Бошњаци.

    Неговиот близок соработник Сташа Кошарац, кој е и министер за надворешна трговија на БиХ, отворено се залагаше за забрана за продажба на станови на Бошњаци, со образложение дека мора да се зачува постојната демографска структура на Источно Сараево, каде што мнозинството се Срби.

    Додик денеска на тоа додаде дека идејата за заеднички живот е „историска измама на Бошњаците кон Србите“.  

    Прочитај повеќе

    Во тешка сообраќајка загина 26-годишниот пејач Горан

    22.09.2026 во 11:37

    Пожарникари го сечеле возилото, еден починат на лице место – Страшна сообраќајка го потресе регионот

    22.09.2026 во 09:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.