Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап

    21.09.2026 во 10:57

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    Регулаторна одлучи: Од полноќ големо поскапување на дизелот

    21.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Муакетов на 25. Конференција на Македонската берза: Мал пазар голема можност
    • Падна групата што шверцаше вијагра во Тетово – меѓу нив и цариник
    • Просечната плата во јули речиси 800 евра
    • Ноќеска и официјално доаѓа есента
    • Сообраќајка во Охрид: Со тешки повреди заврши возач на „ауди“ по судир со „мерцедес“
    • Акција во Тетово: Уапсени маж и жена за посредување во проституција
    • Серија тешки дела во Куманово: Уапсен 23-годишен маж за кражби, семејно насилство и злоупотреба на податоци
    • Куманово: Уапсена 29-годишна жена – го натепала вонбрачниот сопруг
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муакетов на 25. Конференција на Македонската берза: Мал пазар голема можност

    Муакетов на 25. Конференција на Македонската берза: Мал пазар голема можност

    22.09.2026 во 15:513 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во рамките на програмскиот сегмент „Специјални говори/Интервју на бина“, Мукаетов учествуваше во разговорот насловен „Искуство на македонска Blue-Chip компанија“, модериран од Иван Штериев, главен извршен директор на Македонска берза АД Скопје. Разговорот отвори повеќе теми поврзани со развојот на компаниите, улогата на пазарот на капитал, значењето на транспарентноста и можностите за раст и интернационализација.

    „Континуираниот раст подразбира предизвици, приспособувања и внимателно пресметани одлуки засновани на веродостојни податоци. Фармацевтската индустрија е една од најдинамичните и најстрого регулираните, па зад секоја одлука стојат сериозни анализи и јасна визија. За нас отсекогаш било најважно трендот на раст да биде стабилен, здрав и одржлив“, истакна Мукаетов.

    Како примери за долгорочни стратешки одлуки што ги донел или во чие донесување учествувал во текот на својата 27-годишна кариера во компанијата, Мукаетов ги наведе изборот на британската Medicines and Healthcare products Regulatory Agency за референтна агенција во 2007 година и добивањето на првата маркетиншка авторизација за пазарите во ЕУ, дигиталната трансформација со воведувањето на САП, инвестициите во истражување и развој, како и отворањето на „Алкалоид ИНТ“ во Љубљана како хаб за Европската Унија. Меѓу значајните развојни чекори ја посочи и одлуката да се инвестира во производство на цефалоспорини наспроти беталактами, благодарение на која „Алкалоид“ денес е најголем производител на цефалоспорини во Европа и во Евроазија според обемот на производството.

    Говорејќи за актуелното работење, Мукаетов посочи дека и покрај сложеното глобално економско опкружување, резултатите на „Алкалоид“ и во 2026 година бележат раст. Компанијата над 60 % од своите пласмани реализира на странските пазари, а очекува годината да ја заврши со консолидирани пласмани меѓу 355 и 360 милиони евра, наспроти 339,3 милиони евра во 2025 година. Од 2006 година наваму консолидираните пласмани на „Алкалоид“ се зголемени речиси седумкратно.

    Меѓународната експанзија останува еден од клучните столбови на долгорочната стратегија на „Алкалоид“, кој денес има 27 подружници надвор од Македонија и пласира производи на повеќе од 50 пазари во светот. Плановите се насочени кон натамошно проширување на теренското присуство со отворање нова подружница во Полска до крајот на годинава, додека меѓу пазарите од потенцијален интерес за следните години се Узбекистан, Јужна Америка и регионот ЛАТАМ.

    Посебен акцент во специјалниот говор беше ставен и врз трансформациите во фармацевтската индустрија, инвестициите во истражување и развој, производите со додадена вредност и примената на вештачката интелигенција. Мукаетов нагласи дека „Алкалоид“ веќе применува решенија базирани на вештачката интелигенција во повеќе сегменти од работењето, со цел создавање нова вредност, развој на производи и услуги и подобрување на ефикасноста.

    „Стратегијата ја градиме таму каде што имаме знаење и можност да создадеме додадена вредност. Не мора да бидете најголеми за да бидете иновативни. Важно е навреме да препознаете каде можете да направите разлика“, порача Мукаетов.

    „Алкалоид“ е присутен на Македонската берза уште од нејзиното формирање во 1996 година, додека котацијата на првиот официјален пазар се случила на 13 ноември 2002 година. Котирањето донело повисоки стандарди на транспарентност и редовно објавување финансиски и деловни информации, а со тоа и поголема одговорност спрема акционерите, инвеститорите и јавноста.

    Прочитај повеќе

    Просечната плата во јули речиси 800 евра

    22.09.2026 во 15:22

    Раст на платите во јули: Просечната нето-плата достигна 48.499 денари

    22.09.2026 во 14:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.