Хеликоптер ангажиран во гаснење пожар во Националниот парк Јосемити во Калифорнија се урна, при што ги загубија животите двајца пилоти, соопштија надлежните противпожарни служби.
Останките на пилотот беа пронајдени во понеделник, изјави портпаролот на Калифорнискиот тим за управување со комплексни инциденти, Бенџамин Косел, објави ABC News.
Националниот одбор за безбедност на сообраќајот (NTSB) веќе ја започна истрагата за утврдување на точните причини за несреќата.

