Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап

    21.09.2026 во 10:57

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    Регулаторна одлучи: Од полноќ големо поскапување на дизелот

    21.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нови можности за филмот и младите автори – Скопје гради нови партнерства за развој на филмската култура
    • Свечено отворање на Grand Casino Admiral Tetovo
    • Есенската агенда на Стопанската комора: Финансии, дигитализација и регионална соработка
    • Пукање пред училиште во Турција – повредени најмалку четири ученици
    • ФОТО: Тажна вест – Почина пионерката на македонската анимација
    • Полска ги крена борбените авиони
    • Пожарникари го сечеле возилото, еден починат на лице место – Страшна сообраќајка го потресе регионот
    • ФОТО: Полицијата влезе во домот на скопјанец – Веднаш го привеле
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нови можности за филмот и младите автори – Скопје гради нови партнерства за развој на филмската култура

    Нови можности за филмот и младите автори – Скопје гради нови партнерства за развој на филмската култура

    22.09.2026 во 10:061 Min Read
    Орце Ѓорѓиевски, Фејсбук
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Ново партнерство за филмската уметност во пресрет на Скопје 2028! Ова на социјалната мрежа Фејсбук го најави скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски.

    -Со Томи Салковски, управител на „Скопје Филм Студио“ и организатор на Скопскиот филмски фестивал, потпишавме Меморандум за соработка со кој воспоставуваме долгорочно партнерство за развој на филмската уметност, побогата културна понуда и посилна меѓународна афирмација на Скопје.

    Нашиот град има силна филмска традиција, талентирани автори и публика која заслужува квалитетна и достапна култура.

    Со оваа соработка создаваме услови за натамошен развој на фестивалот и негово поцврсто позиционирање на регионалната и европската културна сцена.

    Преку европски филмски програми, меѓународни партнерства и активности за младата публика, ќе отвориме нови можности за авторите и за посилно претставување на македонската кинематографија пред европската публика.

    Во пресрет на „Скопје 2028 – Европска престолнина на културата“, продолжуваме да градиме партнерства што ќе придонесат за траен развој на културниот живот во градот.

    Скопје има приказни што заслужуваат да го обиколат светот и таленти што заслужуваат поддршка.

    Наша обврска е да им овозможиме простор да создаваат и да успеваат!, напиша Ѓорѓиевски.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Есенската агенда на Стопанската комора: Финансии, дигитализација и регионална соработка

    22.09.2026 во 10:01

    ФОТО: Тажна вест – Почина пионерката на македонската анимација

    22.09.2026 во 09:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.