Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап

    21.09.2026 во 10:57

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    Регулаторна одлучи: Од полноќ големо поскапување на дизелот

    21.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • -5°C измерени на Балканот, зимата пристигна пред предвиденото
    • Василево со инвестиции од 150 милиони денари: Се градат патишта, канализации и инфраструктура
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема економски план, само празни ветувања за повисоки плати
    • Дневен хороскоп: Промени и нови можности за сите знаци
    • СДСМ: Мицкоски одлучува, народот плаќа
    • Мицкоски од Њујорк: На патот кон ЕУ, но без промена на идентитетот
    • Измерени само 4 степени, температурите нагло паднаа – УХМР најавува и невреме
    • Вреди: Случајот „Груби“ станува политичка коцка за Ахмети
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Василево со инвестиции од 150 милиони денари: Се градат патишта, канализации и инфраструктура

    Василево со инвестиции од 150 милиони денари: Се градат патишта, канализации и инфраструктура

    22.09.2026 во 09:131 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Василево за помалку од една година реализираше и започна проекти вредни околу 150 милиони денари, во патната и комуналната инфраструктура, образованието, спортот и културата, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Во повеќе населени места се реализираат инфраструктурни зафати со цел подобрување на условите за живот на граѓаните.

    Во Пиперево, по изградбата на системите за фекална и атмосферска канализација, во завршна фаза е асфалтирањето на главната улица и изградбата на пешачки патеки од двете страни.

    Во Владевци се асфалтира патот до црквата „Успение на Пресвета Богородица“, додека во Нова Маала се асфалтира улицата покрај ООУ „Атанас Нивичански“. Завршено е и асфалтирањето на патот кон селските гробишта.

    Во Добрашинци е асфалтиран дел од главната улица, а во Едрениково е изграден мост во близина на училиштето, со што, според ВМРО-ДПМНЕ, е решен долгогодишен инфраструктурен проблем.

    Од партијата додаваат дека Општина Василево продолжува со реализација на нови проекти и инвестиции во повеќе области.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема економски план, само празни ветувања за повисоки плати

    22.09.2026 во 09:12

    СДСМ: Мицкоски одлучува, народот плаќа

    22.09.2026 во 08:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.