| Претседателот на Владата Христијан Мицкоски кој деновите е во Њујорк оствари официјална средба со заменик- државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау. На средбата присуствува и Брендан Харнахан, Помошник Државен секретар за Европа и Даниел Лотон, Заменик Помошник државен секретар за Европа. Средбата беше можност за отворен и суштински разговор за стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави, за продлабочување на политичкиот и економскиот дијалог, како и за прашањата од заеднички интерес за двете држави.Во време на сериозни геополитички предизвици и промени во меѓународните односи, за нас е од исклучително значење да има силни, стабилни и принципиелни односи со своите стратешки партнери. Соединетите Американски Држави се наш долгогодишен стратешки партнер и сојузник, а директната комуникација на високо политичко ниво е важен дел од натамошното зајакнување на тие односи.Се разговараше за можностите за унапредување на соработката во повеќе области, за економскиот развој и инвестициите, безбедноста и стабилноста на регионот, како и за улогата на земјава како сојузник во НАТО и партнер кој придонесува за регионалната стабилност. Македонија денес настапува со јасно дефинирани државни интереси и со определба тие интереси достоинствено и аргументирано да ги застапува пред своите партнери. Градиме односи засновани на меѓусебна почит, доверба и конкретна соработка која треба да носи резултати за граѓаните и за државата.Особено значајно е што имаме директен и отворен дијалог со американската администрација. Ваквите средби се можност нашите позиции да бидат јасно претставени и македонските интереси да бидат слушнати таму каде што се разговара за важни регионални и глобални прашања.Нашата политика е политика на достоинство, принципи и заштита на државните интереси. Пријателствата не се градат со зборови, туку со доверба. Партнерствата не се мерат со протокол, туку со дела. А почитта кон една држава се гради со јасни позиции, достоинство и кредибилитет.Токму таква држава градиме. Исправена, со јасен став и сигурна иднина, стои во соопштенеито на Владата испратено до медиумите. |
- Гаши за изборите во Брвеница: Нека победи најдобриот и нека им служи на сите граѓани
- Руската амбасада ги отфрла обвинувањата на АНБ за пропагандна мрежа во Македонија
- Клековски: За операција на очите плаќал Фондот, ама плаќале и пациентите – детали за големата акција
- Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во Владата – на иста линија се со Вучиќ
- Нема повеќе заминување од Армијата на 45 години – Војниците добиваат нова можност
- ОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот
- Полицијата нема да признава лична карта и возачка дозвола на телефон – граѓаните мора да ги носат пластичните
- На едно место постудено, на друго потопло – УХМР ги измери температурите, најавува „потоп”

