Во селото Чифлик, општина Чешиново-Облешево, со традиционално рачно зажнејување официјално започна овогодишната жетва на оризот.
На настанот присуствуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, кој оствари средба со оризопроизводителите и им посака успешна и плодна жетва, како и квалитетен род.

