Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41

    Нови цени на горивата од полноќ

    21.09.2026 во 09:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Судењето за пожарот во „Пулс“ почна одново: 13 полицајци повторно пред Судот
    • Чистка низ Скопје: Отстранети 650 кубни метри отпад
    • Голема полициска акција во Скопје, Тетово и Гевгелија: Се трага по вработени во Царинската управа, уапсени неколку лица
    • Крадци пустошеле по куќи: Ограбени над 10 домови, изнесен и сеф тежок 400 килограми
    • Необична кражба во Германија: Крадец провалил во кафуле, па однесе торта и сладолед наместо пари
    • Муцунски во Њујорк се сретна со Рубио: Уште една потврда за значењето на партнерството со САД
    • Трајковска со честитка за Мала Богородица: „Ден кој не потсетува колку е важна верата и семејството”
    • Пешевска на средба со шпанскиот амбасадор: Во фокусот еднаквите можности
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Судењето за пожарот во „Пулс“ почна одново: 13 полицајци повторно пред Судот

    Судењето за пожарот во „Пулс“ почна одново: 13 полицајци повторно пред Судот

    21.09.2026 во 10:552 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Судењето против 13 полициски службеници обвинети за тешки дела против општата сигурност, поврзани со трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, започна одново поради промена во составот на Судечкиот совет.

    Од Судот информираат дека еден од поротниците известил оти поради здравствени причини повеќе од еден месец нема да може да присуствува на судењата. Вториот поротник, пак, посочил дека поради други ангажмани повеќе нема да учествува во судските процеси.

    Судењето го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, додека обвинението го застапува јавната обвинителка Спасенка Андонова.

    Обвинителството останува целосно на обвинението, потврди Андонова.

    Обвинетите Дејан Салтировски, Ванчо Георгиевски, Марија Маневска, Томе Донев, Драган Петрушев, Кире Богатинов, Стојанче Филипов, Благица Митева, Кристина Николова, Мазлум Рамаданов, Дарко Милошевски, Мартин Арсовски и Маријан Радевски повторно се произнесоа пред Судот во однос на обвинението. Сите изјавија дека остануваат на претходно дадените искази и не признаваат вина.

    Од Судот информираат дека досега изведените материјални докази и сослушаните сведоци се преземаат во новата постапка, по што продолжува изведувањето на доказите со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството.

    Случајот се однесува на трагичниот пожар што избувна на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

    Според обвинението, полициските службеници кои биле на должност во критичниот период истовремено биле ангажирани и во дискотеката, но не ја прекинале забавата и не спречиле употреба на пиротехнички средства.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Чистка низ Скопје: Отстранети 650 кубни метри отпад

    21.09.2026 во 10:54

    Голема полициска акција во Скопје, Тетово и Гевгелија: Се трага по вработени во Царинската управа, уапсени неколку лица

    21.09.2026 во 10:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.