Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41

    Ивон Величковски: Кое е тоа Собрание што ќе гласа против 150 или 300 илјади граѓани за ЕУ?

    20.09.2026 во 12:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мир, ненасилство и солидарност: Ученици ќе испратат пораки од центарот на Скопје
    • АМСМ со апел до возачите: Внимателно на патиштата каде има опасност од одрони
    • Државната ревизија пред членовите на Комисијата за финансирање и буџет
    • Невреме со пороен дожд, силен ветер и грмотевици – УХМР со метео предупредување
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мир, ненасилство и солидарност: Ученици ќе испратат пораки од центарот на Скопје

    Мир, ненасилство и солидарност: Ученици ќе испратат пораки од центарот на Скопје

    21.09.2026 во 08:052 Mins Read
    Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По повод Меѓународниот ден на мирот и 15-годишнината од Програмата за мировно образование, Детската амбасада „Меѓаши“ денеска во Скопје ќе додели признанија на училишта кои имаат значаен придонес во развојот на мировното образование и градењето култура на мир.

    Признанијата ќе им бидат доделени на СОУ „Ванчо Прке“ од Виница и СУГС „Зеф Љуш Марку“ од Скопје за нивниот долгогодишен ангажман во унапредувањето на мировното образование.

    Свеченото доделување ќе се одржи во хотелот „Холидеј Ин“, каде што ќе се обратат претставници на Министерството за образование и наука, регионални координатори за мир и претставници на Детската амбасада „Меѓаши“. Наградените училишта ќе добијат парична награда од по 1.000 евра во денарска противвредност, како и специјална плакета по повод 15-годишнината од програмата.

    Од „Меѓаши“ информираат дека Програмата за мировно образование започнала во 2011 година со три училишта, а денес прераснала во Мрежа на мировни училишта која опфаќа 75 училишта, повеќе од 350 наставници и над 8.500 ученици.

    По свеченоста, на Плоштад „Македонија“ ќе се одржи јавна мировна активност со учество на околу 70 ученици, кои ќе испратат пораки за мир, ненасилство, солидарност и меѓусебно почитување.

    Во рамки на настанот ќе биде изведен и танцово-театарски перформанс на Социјален танц театар, во кој ќе учествуваат ученици од СОУ „Гостивар“ и СУГС „Јосип Броз Тито“ од Скопје. Перформансот ќе биде посветен на врсничкото насилство и отпорот кон него.

    Одбележувањето на јубилејот ќе продолжи на 22 и 23 септември со меѓународна размена на искуства меѓу наставници и мировни работници од Македонија, Босна и Херцеговина, Србија и Косово. Во Скопје ќе се одржат работилници посветени на мировното образование, предизвиците со кои се соочуваат училиштата и можностите за негов понатамошен развој во регионот.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    АМСМ со апел до возачите: Внимателно на патиштата каде има опасност од одрони

    21.09.2026 во 08:04

    Државната ревизија пред членовите на Комисијата за финансирање и буџет

    21.09.2026 во 08:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.