Времето денеска ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во текот на ноќта кон вторник. Локално, процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме, проследено со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи.
Ќе дува засилен ветер од северен правец, кој долж Повардарието ќе достигнува брзина до 40 километри на час.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени, додека максималната ќе достигне од 25 до 32 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и топло, со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Попладне, во делови од котлината, ќе има повремени врнежи од дожд и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 28 степени.
До крајот на работната седмица ќе преовладува променливо облачно и посвежо време, со сончеви периоди. Од попладневните часови во петок повторно се очекуваат врнежи. До среда ќе дува засилен северен ветер, кој на моменти ќе надминува брзина од 50 километри на час.

