Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски ја бара ЕУ на масата со Софија
    • Филипче: Земјоделците се оставени сами – откупните цени се понижувачки
    • Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа
    • „Џемини“ на Гугл хакирал три компании за време на тест за кибер безбедност
    • Илхан Ќучук: Потребна е јасна политичка посветеност на ЕУ кон Балканот
    • Загина пензионер – паднал од мопед
    • СДСМ: Две години од предавството на ЗНАМ, една љубов – тендери
    • Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Две години од предавството на ЗНАМ, една љубов – тендери

    СДСМ: Две години од предавството на ЗНАМ, една љубов – тендери

    19.09.2026 во 10:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Две години од предавството на ЗНАМ, прво ја предадоа партијата, потоа гласачите.
    Денеска во кино ЗНАМ прави отчет. „Две години работа.  Две години резултати. Една љубов – тендери.“, велат од СДСМ.


    Максо со неколку тендер-патриоти во кино. Веројатно филмот е: “како ја предадов партијата и гласачите за тендери”.

    Тоа не е љубов кон Македонија. Тоа е љубов кон парите.


    ЗНАМ се роди како проект на Мицкоски. Да ја урне СДСМ одвнатре.


    Луѓе кои прво ја предадоа својата партија, а потоа ги предадоа и гласачите кои поверуваа во приказната за реформа во СДСМ.


    Влегоа во власта. Станаа дел од организирана криминална група ВМРО. Станаа дел од бандата.


    Сателити. Глас во Собрание. Столче во институција. Тендер во општина. Тендер во Пошта.

    Резултатите ги знае народот.


    Максо прво ги продаде гласачите, потоа Македонија. Потоа следуваше и плац за Лидл.


    Со оглед дека има фирма во Бугарија, може себеси да се претстави како странски инвеститор.


    Тоа се две години. Две години кражба, две години во кои граѓаните се држени како заложници.


    Сега ќе печатат брошура и ќе шетаат во 14 градови да објаснат колку ја сакаат Македонија.


    Нека објаснат колку чини столчето. Нека објаснат зошто „патриотите“ имаат бугарски пасоши и фирми.


    Нека каже сега, кога знаеме дека колегите, понапредната верзија, ЗНАМ 2.0 за „реформи“, зеле 1,6 милиони, колку тој зел за првата верзија на ЗНАМ?

    СДСМ не седи во нивната сала. СДСМ ги именува со нивното вистинско име.


    Предавството има датум. Сега се најавува и втор датум, повторно собирање „за иднината на Мицкоски“, за неколку дена.

    Следниот настан нека го прават заедно. Наместо во кино – во Бела палата. Филмот веќе го знаеме.

    ЗНАМ не е движење. ЗНАМ е сателит на Мицкоски. Две години работа за бандата.


    Две години и тие се дел од бандата. Една љубов, заедничка – тендер.


    Доаѓа време кога предавството на Македонија ќе се мери пред суд, не пред платно.

    Граѓаните не одат во кино да им честитаат што ги продале. Одат на следните избори да ја вратат државата во свои раце. А бандата да одговара, стои во партиското соопштение на СДСМ испратено до медиумите.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Земјоделците се оставени сами – откупните цени се понижувачки

    19.09.2026 во 12:06

    ВМРО-ДПМНЕ: Партизирано судство градено со години, наместо во слово на законот

    19.09.2026 во 10:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.