Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски ја бара ЕУ на масата со Софија
    • Филипче: Земјоделците се оставени сами – откупните цени се понижувачки
    • Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа
    • „Џемини“ на Гугл хакирал три компании за време на тест за кибер безбедност
    • Илхан Ќучук: Потребна е јасна политичка посветеност на ЕУ кон Балканот
    • Загина пензионер – паднал од мопед
    • СДСМ: Две години од предавството на ЗНАМ, една љубов – тендери
    • Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Браво момци: Тигрите со одличен пласман на меѓународниот натпревар „Штит Домовине“ во Дубровник

    Браво момци: Тигрите со одличен пласман на меѓународниот натпревар „Штит Домовине“ во Дубровник

    19.09.2026 во 10:191 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во периодот од 14 до 19 септември 2026 година, двајца припадници на Министерството за внатрешни работи, припадници на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, учествуваат на меѓународниот натпревар „Штит Домовине“ во Дубровник, Република Хрватска.

    По успешно поминатите дводневни квалификации за главната трка, припадниците на САЕ „Тигар“ учествуваа на главната трка во должина од 28 километри, со 927 метри висинска разлика, на која учесниците совладуваат низа комплексни препреки што бараат висока психофизичка и тактичка подготвеност.

    Во категоријата странски натпреварувачи, припадниците на САЕ „Тигар“ го освоија 4-то и 5-то место, од вкупно девет натпреварувачи, во конкуренција на претставници од Австрија, Словенија и Унгарија, како и со припадници на Армијата на Република Хрватска.

    Во генералниот пласман, од вкупно 86 натпреварувачи, припадниците на САЕ „Тигар“ го освоија 23-то и 24-то место.
    Учеството на вакви меѓународни натпревари претставува можност за проверка и унапредување на физичката, психолошката и тактичката подготвеност на припадниците на единицата, како и размена на искуства со припадници на безбедносните сили од други земји.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски ја бара ЕУ на масата со Софија

    19.09.2026 во 12:18

    Филипче: Земјоделците се оставени сами – откупните цени се понижувачки

    19.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.