Политичк реакција со соопштение изнесе Валентин Манасиевски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој тврди дека поранешниот амбасадор Андреј Жерновски повторно бил забележан како го управува луксузниот автомобил „Мерцедес“ во сопственост на негов братучед.

Во реакцијата се потсетува на претходните јавни изјави на Жерновски од гостување во поткаст, каде тој демантирал дека поседува или некогаш возел ваков автомобил. Дополнително, се наведува дека возилото било непрописно паркирано додека се фрлало отпад во контејнер.

„Андреј “НАТО” Жерновски во стилот на Артан “Лотарија” Груби, го вози автомобилот на “братучедот”“, стои во објавеното соопштение во кое се додава дека евентуалните казни нема да го загрижат бидејќи автомобилот не се води на негово име.


