Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Фатен бегалец од Идризово
    • Секој 4ти Македонец работи во странска фирма – тие прават над третина од сите пари во Македонија
    • Заменик министерот Димитровски од Софија: Бугари во Устав не е проблем
    • Утре и задутре ново прскање против комарци во Скопје
    • Глобален форум за тутун и никотин 2026: Иднината на никотинските производи меѓу науката, регулативата и одржливоста
    • Во понеделник вонредна дератизација во скопски Центар по наездата на стаорци
    • Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор
    • Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски од Вашингтон: Македонија има јасна цел – посилно партнерство со САД и членство во ЕУ

    Мицкоски од Вашингтон: Македонија има јасна цел – посилно партнерство со САД и членство во ЕУ

    18.09.2026 во 10:392 Mins Read
    Христијан Мицкоски, Фејсбук
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски во рамки на посетата на Вашингтон се обрати пред Атлантскиот совет, каде ги претстави приоритетите на Владата, стратешкото партнерство со САД, европската интеграција и плановите за економски развој на државата.

    Мицкоски оцени дека партнерството со Соединетите Американски Држави се гради со децении и порача дека Владата има намера дополнително да го продлабочува. Според него, географската положба на Македонија ѝ дава важна улога во регионалното транспортно и енергетско поврзување.

    Во делот на обврските кон НАТО, премиерот посочи дека државата планира постепено зголемување на издвојувањата за одбраната, паралелно со инвестиции во патната, железничката и енергетската инфраструктура.

    Како еден од приоритетите ја издвои и сајбер-безбедноста. Тој најави развој на примарен дата-центар кој би ги поврзал јавните институции, со дополнителна заштита преку секундарен центар за обновување на податоци и клауд инфраструктура.

    Мицкоски пред Атлантскиот совет ја претстави и развојната стратегија на Владата, која, како што посочи, се потпира на инфраструктурата, енергетиката и развојот на вештачката интелигенција и високите технологии.

    Во енергетскиот сектор, тој ги посочи интерконекторите со Грција и Србија, нагласувајќи дека нивната изградба може да ја зајакне улогата на Македонија во регионалното снабдување со природен гас и енергетското поврзување со Централна Европа.

    Тој се осврна и на Коридорите 8 и 10, кои, според него, имаат економско, стратешко и безбедносно значење. Во тој контекст ја истакна и нивната потенцијална улога во идната реконструкција на Украина.

    Говорејќи за европската интеграција, Мицкоски порача дека Македонија останува посветена на членството во Европската Унија, но побара процесот да биде заснован на реформи и заслуги и да биде предвидлив.

    Премиерот истакна дека земјата, паралелно со разговорите за европската перспектива, ќе продолжи со економскиот развој, реформите, инвестициите и јакнењето на владеењето на правото.

    Во обраќањето го посочи и економскиот раст од 4,3 проценти во вториот квартал, оценувајќи дека земјата е меѓу европските држави со највисок раст во тој период.

    Мицкоски порача дека Владата ќе продолжи со разговорите со европските партнери и САД, а како стратешки приоритети ги издвои продлабочувањето на сојузништвото со Вашингтон и полноправното членство во Европската Унија.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Фатен бегалец од Идризово

    18.09.2026 во 13:14

    Заменик министерот Димитровски од Софија: Бугари во Устав не е проблем

    18.09.2026 во 12:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.