УХМР ги измери температурите утринава на територијата на Македонија. Според податоците, мерните станици во осум часот утринава покажаа дека најсвежо е во Берово, каде се измерени само 12 степени.
Кавадарци со 18 степени утрово е најтоплото местѕо во Македонија, по што следат Крушево, Тополчани, Зајчев Рид со 17 степени.
Во Скопје ова утро во осум часот УХМР измери 15 степени.
Денеска во земјава ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат од 8 до 16 степени, додека максималните ќе достигнат од 26 до 32 степени.

Во Скопје се очекува сончево време со мала облачност и слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 13 степени, а дневната ќе достигне до 31 степен.
До сабота времето ќе биде претежно стабилно и суво. Во недела и понеделник се очекуваат повремени врнежи од дожд, проследени со услови за нестабилност, пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од вторник ќе следува продор на постуден воздух од север, што ќе услови пад на дневните температури.

