Времето утре сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, соопшти УХМР.
Од УХМР соопштија дека до сабота ќе се задржи претежно стабилно време. Во недела и понеделник ќе има повремени врнежи од дожд и услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Од вторник поради продор на постуден воздух од север ќе има опаѓање на дневната температура.

