Метеорологот Славчо Попоски информира дека од вторник, 22 септември, постои извесна веројатност за појава на првите утрински мразеви на Балканот и во Македонија.
Според најавите, заладувањето ќе биде особено чувствително на повисоките и на планинските места низ земјава, со што почнува периодот на пониски утрински температури карактеристични за овој дел од есента.

