Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Во Штип ќе се јаде пастрмајлија за 250 денари
    • Три училишта во Битола добиваат спортски сали
    • Тачи: Ова е неправда ама останете мирни
    • Вадете ги јакните: Идната недела доаѓа вистинската есен
    • ТАВ се повлече: Не важи одлуката за само 1 кратко паркирање на Аеродромот дневно
    • Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата
    • Забрзано се гради пругата до Крива Паланка
    • Битолчанец ја тепал жена му и татко и
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кос за БНТ: Северна Македонија треба да ги внесе Бугарите во Уставот за напредок кон ЕУ

    Кос за БНТ: Северна Македонија треба да ги внесе Бугарите во Уставот за напредок кон ЕУ

    17.09.2026 во 15:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Внесување на Бугарите во Устав е условот кој Македонија мора да го исплони за да го продолжи процесот на евроинеграции, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос во интервју за бугарската „БНТ“. Таа беше прашана и дали и како Европската комисија може да влијае врз Скопје да ги направи уставните измени и одговори дека верува оти со новата бугарска влада ќе се најде начин процесот со Македонија да продолжи.

    „Ова е многу добро прашање и би била многу среќен ако го искористиме овој момент на проширување и за Северна Македонија. Верувам во новата бугарска влада, со која соработувам многу добро. Сите ние заедно ќе најдеме начин да го придвижиме процесот напред со Северна Македонија. Секако, владата во Северна Македонија мора да го одржи своето ветување. Тие мора да го променат својот Устав, ова е договорено меѓу Северна Македонија и 27-те земји-членки на ЕУ. Откако ќе се направи ова, ќе сметам и на поддршката од вашата земја, за да продолжиме напред и со Северна Македонија“, изјави Кос.

    Во интервјуто за „БНТ“  еврокомесарката Кос кажа дека проширувањето на ЕУ останува приоритет и дека претстојниот период ќе биде значаен за земјите кандидати.

    „Оваа есен ќе биде есен на проширувањето. Многу ми е драго што го интензивираме процесот. Подготвуваме патокази за земјите што се најнапред во преговорите. Црна Гора е најблиску до пристапување, а за Албанија, Молдавија и Украина ќе претставиме патокази во кои ќе бидат наведени сите технички чекори што треба да се преземат до крајот на нашиот мандат“, рече Кос.

    Таа нагласи дека паралелно со поддршката за земјите кандидати, Европската комисија работи и на подготовка на земјите членки за ново проширување.

    Прочитај повеќе

    Во Штип ќе се јаде пастрмајлија за 250 денари

    18.09.2026 во 14:43

    Три училишта во Битола добиваат спортски сали

    18.09.2026 во 14:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.