Close Menu
Press24
    Најново

    Силен звук го прекина мечот Вардар – НАНТ во Јане Сандански

    16.09.2026 во 19:48

    Интервентна полиција влезе во Арачиново – Фатен криминалец кој бил во бегство

    16.09.2026 во 10:09

    Ќе може да си купите стаж – добри вести за сите на кои им фали стаж за пензија

    15.09.2026 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Цариниците од денеска под камери: Телесните камери стартуваат на три гранични премини
    • Нови можности за уметниците: Скопје ја зајакнува соработката со европското културно семејство
    • OpenAI објави шест инциденти: Тестирањата открија, AI преземал чекори без дозвола од човек
    • Нов случај на семејно насилство во Македонија: Син го нападнал таткото
    • Хороскоп за 17 септември: Некому му се отвора нова можност, друг треба да биде внимателен со парите
    • Пад на цената на нафтата на светските берзи: Брентот и WTI во црвено
    • ЛДП: Со 4 денари за килограм, производството на јаболко не е исплатливо
    • ВМРО-ДПМНЕ: Времето на недопирливите моќници во правосудството мора да заврши
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Цариниците од денеска под камери: Телесните камери стартуваат на три гранични премини

    Цариниците од денеска под камери: Телесните камери стартуваат на три гранични премини

    17.09.2026 во 11:151 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Царинските службеници од денеска ќе користат телесни камери при извршувањето на работните задачи. Новиот систем беше официјално промовиран на граничниот премин Табановце, како дел од проектот реализиран со поддршка на американската Меѓународна програма за обука и помош при водење криминалистички истраги (ICITAP).

    Воведувањето на системот го означија директорот на Царинската управа Бобан Николовски и вршителката на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД во земјава, Никол Варнс.

    Во првата фаза, телесните камери ќе се користат на граничните премини Табановце, Ќафасан и Блаце.

    За потребите на проектот се обезбедени 30 телесни камери, заедно со потребната инфраструктура, а спроведени се и обуки за службениците, супервизорите, администраторите и обучувачите.

    Според Николовски, системот претставува чекор кон модернизирање на работата на Царинската управа и воведување нови стандарди во работењето.

    „Не добиваме само технологија, туку систем кој треба да даде конкретни резултати во секојдневното работење“, истакна Николовски.

    Тој посочи дека камерите треба да обезбедат дополнителна заштита и за царинските службеници и за граѓаните, бидејќи ќе го документираат текот на постапките.

    Од Царинската управа велат дека целта е да се зголемат транспарентноста, интегритетот и одговорноста, како и да се спречат неправилности и злоупотреба на службените овластувања.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Нови можности за уметниците: Скопје ја зајакнува соработката со европското културно семејство

    17.09.2026 во 10:59

    OpenAI објави шест инциденти: Тестирањата открија, AI преземал чекори без дозвола од човек

    17.09.2026 во 10:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.