Пет лица загинаа, а најмалку седум се повредени во руски напад со беспилотно летало врз автобус во областа Никопол во Украина. Веста ја соопшти началникот на Воената администрација на Дњепропетровск, Александар Гања.
„Русите го гаѓаа автобусот со дрон. Пет лица загинаа на лице место“, рече Гања во објава на Телеграм.
Повредените лица се згрижени и се наоѓаат под строг медицински надзор, а надлежните служби им ја пружаат сета неопходна помош.
„Им се пружа сета потребна помош“, заклучи тој.

