Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе се обрати на настанот „УЧИ, ИГРАЈ, РАСТИ“, на кој ќе бидат презентирани резултатите од проектот за подобрување на условите за физичко образование во основните и средните училишта.
Во рамките на проектот се реализирани активности за рехабилитација на училишни објекти наменети за физичко образование, како и набавка на спортска опрема. Проектот е кофинансиран преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) и Развојната банка на Советот на Европа (CEB).
Од Министерството за образование и наука информираат дека настанот ќе се одржи во Основното училиште „Панајот Гиновски“ во Бутел, Скопје, кое е меѓу училиштата опфатени со проектот.

