Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе може да си купите стаж – добри вести за сите на кои им фали стаж за пензија

    15.09.2026 во 09:04

    Мајка ми ме нападна со тврд предмет – Скопјанка се јавила во полиција

    14.09.2026 во 23:49

    Пресметка: Колку ќе ве чини да си платите една година стаж за да одите во пензија

    15.09.2026 во 10:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Одбрана можна локација за државниот дата-центар
    • Серафимовски: Откупот тече непречено, над 54 милиони килограми грозје веќе се во домашните винарии и на странските пазари
    • Нов удар врз берзите: Цените на нафтата во силен раст, брент се доближи до 109 долари
    • Беким Сејдиу официјално ја повлече кандидатурата за претседател на Косово
    • Италија соопшти: Дронот што беше соборен над Литванија најверојатно дошол од Русија
    • Фон дер Лајен предупредува: Русија продолжува со агресија и провокации кон Европа
    • Шакира го освојува Мадрид: 12 вечери музички спектакл на стадион со 50.000 посетители
    • До 100 евра месечно за откуп на стаж: Велковски ја најави новата мерка за оние на кои им недостигаат години за пензија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Одбрана можна локација за државниот дата-центар

    Одбрана можна локација за државниот дата-центар

    15.09.2026 во 19:153 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Избрана е потенцијалната локација. Националниот дата-центар најверојатно ќе се гради во близина на двете скопски технолошко-индустриски зони. Парцела на која нема плодно земјиште, но им доволно простор доколку во иднина Владата одлучи да изгради и фотонапонска централа од каде податочниот центар би добивал електрична енергија.

    – Се наоѓа во близина на Градот Скопје, во близина на Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 и 2, се наоѓа во близина на автопат, во близина на оптичка линија, така што најверојатно центарот за податоци ќе биде сместен таму, вели министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

    Изградбата на Националниот дата-центар ќе се финансира со државни пари, но има и 30% грантова компонтента. Владата сега има задача да најде меѓународен финансиер, со оглед на тоа што иако разговараше со Светска Банка, поради некомпатибилност со барањата на ЕУ, Светска банка нема да може да ги обезбеди парите.

    – Разговараме со различни финансиери коишто се компатибилни со барањата на Европската Унија за ваков вид на проекти. Овој процес е нов и за ЕУ. Планот за раст е една нов механизам којшто тие го користат за финансирање. Така што, тоа ќе бидат некои од меѓународните финансиски институции. Ние имаме добра соработка со голем дел од нив. Не сме имале проекти досега, имаме само еден со кој сме во напредна фаза на дискусија со Банката на Советот на Европа. Така што, разговараме со нив, разговараме со други некои потенцијални финасиери. Ќе видиме во периодот којшто следи од кого ќе добиеме најдобра понуда и кој ќе биде заинтересиран за соработка, вели Андоновски.

    Парите за Национален дата-центар се фиксни – 20 милиони евра. 70% од нив ќе одат за самата изградба на објектот, 30% за опремата. Од почетокот на изградбата, до неговото пуштање во употреба ќе бидат потребни околу две – две и пол години. 

    Меѓутоа, цените на хардверските компотенти во изминататата година драстично се зголемија поради енормните инвестиции на најголемите американски технолошки компании. По разгорувањето на дебатата околу развојот на се поинтелигентни јазични модели во САД и предупредувањата од страна на експерти за можо губење на контролата врз вештачката интелигенција, тешко кој би можел да предвиди како во иднина ќе се движат цените. Тоа ја става Владата во состојба на непредвливост. Затоа Владата уште сега ќе мора да биде подготвена и на сценарио во кое цените на опремата ќе пораснат уште подрастично од досега.

    – Модуларно го планираме проектот да ни дозволи да со реформска агенда плус или со некои проекти го доопремиме. Дали во делот на колокација на опремата на постојните институции или пак употреба на Вештачката интелигенција. Но така ќе биде дизајниран податочниот центар што ќе ни дозволи и надградба на нова инфраструктура кога за тоа ќе има можност. Некои најави од компаниите коишто ги слушам дека цените на хардверската опрема се очекува да стагнираат и да паѓаат во периодот којшто следи. Така што, ќе го искористиме тој период 2027 – 2028 за набавка на опремата, вели Андоновски.

    Македонија во моментот поседува само еден – резервен дата-центар во Прилеп кој е под надлежност на Министерството за внатрешни. По изградбата на Националниот дата-центар ќе следи процес на мигрирање на податоците од сите државни институции. Тоа би требало и да ја зголеми сајбер-безбедноста, со оглед на тоа што институциите во неколку наврати беа мета на напади. 

    Прочитај повеќе

    До 100 евра месечно за откуп на стаж: Велковски ја најави новата мерка за оние на кои им недостигаат години за пензија

    15.09.2026 во 17:41

    Цената на нафтата руши рекорди

    15.09.2026 во 12:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.