Граѓаните кои ја достигнале старосната граница за пензионирање, но немаат доволно работен стаж, ќе можат да откупат најмногу 24 месеци стаж за да го исполнат условот од 15 години потребен за пензија.
Мерката ќе се однесува на лица кои веќе не се осигуреници, имаат наполнети 62 години ако се жени, односно 64 години ако се мажи, и имаат најмалку 13 години остварен работен стаж.
„Максимумот е 24 месеци до 15 години, односно минимум треба да имаат 13 години стаж. Ќе можат да го откупат својот стаж, односно да платат за истиот“, се наведува во образложението на решението кое сè уште е во владина процедура.
Придонесите за месеците што ќе се откупуваат, според најавеното решение, ќе се пресметуваат на основица од 50 проценти од просечната плата од претходната година.
За лице кое ќе го користи правото во 2026 година, тоа значи дека основа за пресметката ќе биде половина од просечната плата во 2025 година, а на тој износ ќе треба да се уплатат соодветните придонеси за секој месец што недостасува.
Ако се има предвид дека лани просечната плата била нешто над 45.000 денари, придонесите за пензиско изнесувале околу 12.800 денари месечно. Половина на оваа сума е околу 6.400 денари за секој месец или нешто над 100 евра. Тоа значи дека една година стаж би чинела околу 1200 евра

