СВР Велес поднесе кривична пријава против Л.Б.(60) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 02.09.2026 на автопатот Скопје-Велес, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „ауди“, управувано од пријавениот, при што во багажот биле пронајдени и одземени 205 парчиња муниција.

