Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Државната химна треба да ја пеат сите, без разлика од кој етникум доаѓаат
    • Лукаревска до Јаневска: Дали училиштата кои ги затворивте ќе станат старски домови?
    • Герасимовски: Барам јавно извинување за односот кон советниците и администрацијата на јавната презентација за Барутана
    • Голема акција: МВР тресе на 20 локации -се апси за фалц дозволи
    • Брачен пар пронајден мртов во заклучен стан – Трагедија го потресе регионот
    • Од утре драстична промена на времето – пад на температурите, силен ветер и пороен дожд
    • Татко си го натепал синот и му нанел повреди – Приведен 39-годишен прилепчанец
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Државната химна треба да ја пеат сите, без разлика од кој етникум доаѓаат

    Мицкоски: Државната химна треба да ја пеат сите, без разлика од кој етникум доаѓаат

    11.09.2026 во 12:422 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски порача дека државната химна и државните симболи мора да ги почитуваат сите граѓани, без разлика на нивната етничка припадност, оценувајќи дека ова прашање е јасно регулирано со Уставот и законите.

    „Тоа е државна химна и без разлика на нашата етничка припадност, ние сме граѓани на оваа земја и треба да ги почитуваме симболите на оваа земја“, изјави Мицкоски.

    Тој додаде дека истовремено мора да се почитуваат и националните симболи на различните етнички заедници, согласно законите што ја регулираат нивната употреба.

    „Интонирањето на државната химна претставува обврска на сите граѓани да ја почитуваат, без разлика од каква етничка припадност се – Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци, Роми или останати. Почитувањето на државната химна треба да биде свето, исто како што треба коректно да се почитуваат и националните симболи на различните етнички заедници“, рече премиерот.

    Мицкоски оцени дека е несоодветно во 21 век да се отвораат дебати дали треба да се интонира државната химна.

    „Во ера на вештачка интелигенција, дата центри и нови предизвици со кои се соочува човештвото, ние да зборуваме за интонирање на државната химна – без разлика колку некому му се допаѓа или не – мислам дека е погрешен фокус“, изјави тој.

    Премиерот повика дебатата да се насочи кон теми што го зајакнуваат заедништвото.

    „Би советувал да се фокусираме на единството, а ваквите теми можеби ќе привлечат внимание кај мала група луѓе, но не мислам дека тоа е она на што треба да се концентрираме“, порача Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    Лукаревска до Јаневска: Дали училиштата кои ги затворивте ќе станат старски домови?

    11.09.2026 во 12:39

    Герасимовски: Барам јавно извинување за односот кон советниците и администрацијата на јавната презентација за Барутана

    11.09.2026 во 12:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.