Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Правиме напори да поевтини струјата за граѓаните
    • Мицкоски: Ние ги затвораме, тие ги ослободуваат
    • Опожарен деловен објект на регионалниот пат Боговиње–Тетово
    • Завршил во болница и останал без мотоцикл – Гостиварчанец паднал од мотоцикл кој го возел без дозвола
    • Тепачка поради паркинг место во Пирок: Нападнат 24-годишник во автоперална
    • Нов напад во Ормускиот Теснец: Ракетирани два брода кај брегот на Оман
    • А1 Македонија втора година по ред генерален спонзор на ИФФК „Браќа Манаки“
    • Шасивари и Мишел разговараа за условите во затворите и препораките на CPT
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Правиме напори да поевтини струјата за граѓаните

    Мицкоски: Правиме напори да поевтини струјата за граѓаните

    11.09.2026 во 12:052 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека повисоките цени на електричната енергија на европските берзи нема да значат поскапување за домаќинствата во Македонија. Тој најави дека Владата работи цената од јануари најмалку да остане иста, а се разгледува и можност за поевтинување или продолжување на евтината тарифа.

    „Кај нас цената на електричната енергија што ја плаќаат граѓаните, откако е оваа Влада, не е покачена и така и ќе остане. Работиме од јануари, кога ќе почне новиот регулиран период, цената најмалку да остане иста, а да видиме дали ќе успееме да имаме и поевтинување или продолжување на евтината тарифа“, изјави Мицкоски.

    Според него, енергетскиот систем е во подобра позиција пред почетокот на грејната сезона бидејќи акумулациите се на околу 50 проценти, а ремонтите во термоенергетските капацитети се при крај.

    „Повеќе од три четвртини од подготовките се веќе завршени. На време го потпишавме и договорот со Косово за јаглен, со кој драматично ќе се намали цената на произведениот мегават-час електрична енергија во нашите производни капацитети“, рече премиерот.

    Мицкоски посочи дека високите берзански цени во Европа се последица и на ниските водостои на реките, поради што биле ограничувани производствените капацитети на дел од нуклеарните, термо и хидроцентралите.

    „Во Европа има денови кога цената достигнува и до 500 евра за мегават-час, а кај нас цената останува регулирана и ниту цент не е покачена“, изјави Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Добро ни оди, растеме

    11.09.2026 во 10:34

    Цената на нафтата руши рекорди – колку ќе поскапат горивата во Македонија?

    11.09.2026 во 09:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.