На 11 септември во 00:20 часот во Полициското одделение Камењане, Е.Ј. (24) пријавил дека околу 00:10 часот во автоперална на регионалниот пат во Пирок бил нападнат од М.И. (20) од село Сенокос, гостиварско.
Според пријавеното, на физичкиот напад му претходела расправија за паркинг место.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

