Неколку лица загинаа, а повеќе се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи во источна Швајцарија, а во која учествувал автобус со холандски таблички.
Според соопштението од швајцарската полиција, возилото удрило во заштитната ограда, излетало од патот во кантонот Граубинден и се превртело на страна.
Портпаролот на полицијата за швајцарската радиотелевизија SRF потврди дека има повеќе жртви и повредени, но сè уште не го прецизираше нивниот точен број.
Според информациите на агенцијата Франс прес, во автобусот се наоѓале 48 лица.
Патниците во понеделникот тргнале на патување до Австрија и назад, пренесува агенцијата dpa.

