По речиси еден месец високи температури, денеска се очекува да биде последниот екстремно топол ден, со максимална температура до околу 36 степени, по што следува нагло заладување.
Веќе утре дневната температура според прогнозата ќе падне на околу 27 степени, а ќе има и услови за нестабилност и врнежи.
Во периодот од 13 до 20 септември времето ќе биде значително попријатно, со дневни температури главно меѓу 27 и 29 степени и посвежи утра со минимални вредности од 8 до 14 степени.
Нов, поизразен пад се наѕира по 20 септември, кога дневните температури ќе се движат меѓу 22 и 25 степени, а ќе има и почести врнежи.
Во последната недела од месецот се очекуваат вистински есенски услови, со максимални температури од околу 20 до 26 степени и утрински температури кои на места би можеле да се спуштат до 7-8 степени.

