Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) регистрираше развој на нестабилни облачни маси кои зафатија повеќе региони низ државата.
Според информациите од радарските слики, невреме следено со засилен ветер, дожд и грмежи е забележано на крајниот северозапад од земјата.
Според радарската слика има нестабилна облачна маса на крајниот северозапад, проследена со засилен ветер, грмежи и дожд. Слаба нестабилност има и јужно од Делчево, соопштија од УХМР.
Дополнително, од метеоролошката служба информираат дека нестабилното време се проширува и во други делови од земјата.
Регионот на Гостивар и планинските предели северозападно од Струга и западно од Крушево зафатени со нестабилна облачна маса, наведуваат од УХМР.

