Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 37-годишниот А.С. од селото Марино, општина Илинден, кај кого биле измерени 3,02 промили алкохол во крвта.
Апсењето било извршено вчера во 14:55 часот за време на редовна сообраќајна контрола во селото Марино. Полицијата го запрела патничкото возило „фолксваген“ со кумановски регистарски ознаки, што го управувал пријавениот.
При спроведеното алкотестирање било констатирано дека тој управувал под силно дејство на алкохол. Покрај тоа, при преглед на автомобилот била пронајдена и одземена воздушна пушка.
Лицето се сомничи за сторени кривични дела по член 297-а од Кривичниот законик и член 80 од Законот за оружје. Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
